Тера Мадре Балкан 2016: Што ќе се презентира и дискутира во Тирана

НовостиВо фокусотТера Мадре Балкан 2016: Што ќе се презентира и дискутира во Тирана

Сподели

Отварањето на четвртото издание на Тера Мадре Балкан, од 2-5 јуни во Тирана, Албанија, ќе започне со церемонија во присуство на Едмонд Панарити, Министер за земјоделство, рурален развој и водостопанство; Милва Економи, Министер за економски развој, туризам, трговија и претприемништво; Мирела Кумбаро, Министер за култура; Брунилда Паскали, заменик градоначалник на Тирана; Алберто Кутилјо, италијански амбасадор, Ингве Енстром, претставник на ЕУ делегацијата во Албанија и Карло Петрини, претседател на Слоу Фуд.

Четвртото издание на Тера Мадре Балкан е организирано од страна на ВИС Албанија со поддршка на Слоу Фуд, во партнерство со Министерството за земјоделство на Албанија, Министерството за економски развој, туризам, трговија и претприемништво, Општина Тирана и Италијанската агенцијата за меѓународна соработка.

Овој настан на едно место ќе собере 350 делегати од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Република Македонија, Романија, Србија, Турција, Италија и Албанија).

Како суштински дел од настанот, централниот дел од Плоштадот Мајка Тереза ќе биде домаќин на Пазарот на Фармери, каде 50 штандови на посетителите  ќе им дадат можност да откријат голем број на селектирани производи од заедниците на Тера Мадре, Президиумите на Слоу Фуд и „Арка на Вкусови“ (каталог на Слоу Фуд со производи на кои им се заканува опасност од исчезнување)

Президиумите на Слоу Фуд и претставниците од повеќе од 50 заедници за храна на Тера Мадре ќе учествуваат на пазарот од различни земји:

Во програмата на Тера Мадре Балкан 2016 се вклучени и дегустации, концерти, работилници и конференции.

Некои од темите за дискусија се:

  • „Борбата против гладот во светот“– Томас Поге, професор на Универзитетот Јаил, кој е и водечки светски експерт за сиромаштијата и човековите права. Ќе се претстави со неговото размислување за намалувањето на сиромаштијата и улогата на храната.
  • „Пристап до пазари, пристап до можности“ – да се истражат можностите и ограничувањата во пристапот до пазарите за малите производители на Балканот и во ЕУ, како и во земјите кандидати кои се во процесот на усогласување со ЕУ законите.
  • „Фармерите на прво место“, Меѓународна научна конференција – да се изгради една широка мрежа на академици и истражувачки институции за биодиверизтетот на храна и одржувањето на растителните генетски ресурси; финансиските или нефинансиските бариери кои ги спречуваат малите производители на храна во пристапот до пазарите.
  • „Одржлив рурален туризам, агротуризам и повеќенаменски пристап во земјоделството“ – да се истакнат некои од најдобрите искуства кои се појавија до сега, како и нови начини за туризмот да претставува поттик за локалниот развој; да се истражи придонесот на традиционалната храна кон социјалната, економската и еколошката одржливост во она што денес е дефинирано како повеќенаменско земјоделство.

За целосната програма нанастанот и програмата за конференции:

 

Овој настан е организиран во рамките на проектот на ЕССЕДРА, кофинансиран од Европската Унија со цел подршка на процесите за европска интеграција на земјите од Балканот и Европа преку зајакнување на граѓанското општество и нивните капацитети со цел да влијаат на политиката и промоцијата на одржливите модели за рурален развој.

 После три изданија во Софија (2010, 2012) и Дубровник (2014), мрежата на Тера Мадре Балкан ја избра Тирана за ова четврто издание. Тера Мадре Балкан е првата мрежа од овој вид кој ги обединува заедниците за храна од неколку земји во ист регион. Слоу Фуд и Тера Мадре формираа длабоко-вкоренета мрежа во регионот со неколку илјади поддржувачи, 24 Слоу Фуд Президиуми, 100 заедници за храна, 50 готвачи, 15 едукативни програми за исхрана и дегустација во училиштата и околу 280 производи од Балканот кои се наоѓаат на Слоу Фуд листата на каталогот на Арка на Вкусови.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...