„Брзата храна ги уби радио ѕвездите“: музичките ѕвезди го промовираат најлошото од храната

НовостиВо фокусот„Брзата храна ги уби радио ѕвездите“: музичките ѕвезди го промовираат најлошото од...

Сподели


„Секс, дрога и рокенрол“, е паролата која се користи да се опише начинот на живот на холивудските познати личности и музичари. Во оваа тријада, можете да додадете друг запис, судејќи барем по телевизиските реклами: брзата храна.

Да, затоа што поп-ѕвездите често се главни на милионските рекламни кампањи за синџирите на брза храна, гигантските производители на безалкохолни пијалаци, грицки и ужинки богати со масти и калории. Досега единствената студија во САД, која го истражува односот помеѓу идолите на децата и брзата храна, е спроведена од страна на истражувачите од Лангоне медицинскиот центар при Универзитетот во Њујорк, САД.

Со споредување и анализирање на топ-листата на стотте број еден хитови на списанието Билборд во периодот 2013-2014 година, податоците за популарноста на победниците на „наградата избор на тинејџерите“ и сите промотивни кампањи на индустријата од секторот на храна и пијалоци, направени од 2000 година до 2014 година, авторите на публикацијата ги подредиле 65те ВИП музичари, врз основа на хранливата вредност на производите кои ги промовираат.

Можеби не е изненадување, но впечатливо е дека скоро сите видови на храна и пијалаци рекламирани од страна на поп пејачите не се здрави. Дваесет и шест производи кои се испитани (81% од примерокот) се сметат дека се “нутритивно сиромашни” од страна на медицинските експерти, додека 71% од разгледуваните безалкохолни пијалаци (49 од вкупно 69) имаат високи количини на шеќер: газираните пијалаци, слатките и брзата храна.

Но, кој е на обвинителната клупа? Во основа, целата плејада од најомилените музички ѕвезди од страна на тинејџери. Имиња како што се Бијонсе, чиј лик ги красеше големите билборди за астрономски договор во вредност од околу 50 милиони долари со Пепси, Џастин Тимберлејк, кој беше мошне добро платен со 6 милиони долари за „потпевнување“ на краток џингл за Мекдоналдс .

Покрај споменатите, повеќето рангирани брендови на скалата од 1 до 100 врз основа на хранливи својства на нивните производи, имаат промотивни активности со некои поп ѕвезди, почнувајќи од поп принцезите Бритни Спирс и Кети Пери, но исто така и групи како „Уан дајрекшн“ и „Maрун 5“, како и Питбул, Крис Браун, Снуп Дог и многу други.

Прехранбената индустрија во САД троши околу 2 милијарди долари годишно за да ги промовира своите производи во јавноста, на децата и адолесцентите, но помалку од 1% од оваа сума се користи за промовирање на потрошувачката на овошје и зеленчук. Ако до пред петнаесет или дваесет години, дијабетес тип 2 не беше позната болест помеѓу младата популација, денес имаме загрижувачка ескалација на оваа болест. Само во периодот меѓу 2001 и 2009 година доведе до пораст од 21% од случаите кај децата меѓу десет и деветнаесет години (3700 нови пациенти секоја година).

Парадоксот е во тоа што многу од препораките служат како пример за другите, но самите ѕвезди во однесувањето, така и во исхраната, применуваат нешто друго. Еден пример? Џастин Тимберлејк од едно интервју, ќе каже: “Кога ќе заминам на патување, јас претходно ги планирам оброците. Се движам наоколу со рачен фрижидер. Да не сум збркан. Сакам да избегнувам да завршам со оброк од брза храна. Јас се обидувам да се држам настрана од тоа. ”

На кратко, обидете се да не им верувате на славните личности и нивните препораки, барем не на оние од рекламите. „Те молам не го ставај својот живот во рацете на рокенрол бенд“, како што пееше англиската група Оезис.

текст: Андреа Качоли
превод: Николче Николовски
фото: issuperwallpapers.blogspot.com

Gratis gokhal spelen; Vinnig 876 dem spellen

InhoudHigh vloedgolf premieSpeculeren met jouw uitkomstDit zijn allen bank’s...

Dragon Hook Pokies Enjoy On the web 100 percent free Dragon Link Pokies

The fresh free revolves are generally played with a...

Winning Means on the Slot machines 2025 Publication

The fresh game, has, and you will excitement try...