Рене Реџепи, најпознатиот нашинец во светот на гастрономијата

Пред неколку дена, британскиот магазин „Restaurant“ го прогласи данскиот ресторан Нома за ресторан на годината. На тој начин, по 4-годишно суверено владеење на шпанскиот „Ел Були“, овој претставник на современата нордиска кујна го зазема врвот.

Она што е интересно е дека сопственик и главен готвач на ресторанот е нашинецот Рене Реџепи. Станува збор за млад господин со само 32 години, чиј татко е македонски албанец, а неговата мајка е од Данска.
Реџепи е вистински талент во кујната, кој прави чуда со диви растенија и цветови и најсвежи морски плодови.

Искуството го собирал во престижниот Ел Були и во француските ресторани „Jardin de Sens“ и „French Laundry“. Покрај тоа, ресторанот Нома веќе поседува и две мишелинови ѕвездички.