Време на пчелите: лекции од кошницата

НовостиЕдукацијаВреме на пчелите: лекции од кошницата

Сподели

Предлог книга: „Време на пчелите: лекции од кошницата“ – Марк Л. Винстон

Марк Л. Винстон во 2015 година е добитник на гувернеровата книжевна награда за документаристика за неговата книга „Време на пчелите: Лекции од кошница“. Како еден од водечките експерти во светот на пчелите и опрашувањето, д-р Винстон е исто така меѓународно признат истражувач, професор и писател. Тој во моментов е професор и виш соработник на Центарот за дијалог при универзитетот Симон Фрејзер и професор по биолошки науки.

Марк Винстон, 30 години поминал во истражување и работа со пчелите. Неговата книга е посветена на пчелите, пчеларниците и медот, како и разумна критика на индустриското производство и молба да се запре драматичниот пад на бројот на пчелите. На преку 65% од растителните видови опрашувањето зависи од пчелите: “за свет без пчели ќе биде речиси невозможно да се размислува”. Во последната деценија има драматичен пад на бројот на пчелите, американските пчелари секоја зима губат 850.000 од вкупно 2,6 милиони колонии.

Винстон обвинува дека причината се комплексни фактори, како ширењето на вароата, прекумерната употреба на антибиотици на колониите, како и прскањето на неоникотиноидите и други хемикалии врз земјоделските култури. Истражувањата покажуваат дека се пронајдени 121 различни пестициди во восокот од саќето и овој токсичен коктел го ослабее имуниот систем на пчелите. Винстон согледува дека нивната смрт е знак дека нашиот системи на храна е на работ од колапс: “пчелите може да бидат предупредување за опасностите кои ни претстојат во земјоделсвото”.

Прекрасен и богат увид во загрозениот свет на пчелите. Ви препорачуваме да ја побарате и прочитате оваа книга.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...