Home Новости Бавни вести Заборавете на 1% – сега само осуммина поседуваат колку половина од светот

Заборавете на 1% – сега само осуммина поседуваат колку половина од светот

0


Осуммина поседуваат истата вредност на имот како и половина од светската популација и ова ниво на нееднаквост „може да ги разори нашите општества“, предупредува организацијата Оксфам, која долги години работи на прашањето на намалување на сиромаштијата.

Еден ден пред почетокот на Светскиот економски форум во Давос, на кој учествува врвот на светската политичка и бизнис елита., меѓународната организација Оксфам ја критикува социјалната нееднаквост во светот. Таа е многу подраматична отколку што досега се мислеше, се вели во денеска објавената студија „Економија за 99 проценти“.

Оксфам наведува дека разликата меѓу богатите и сиромашните е многу поголема отколку што тие стравувале. Не е проблематично само концентрирањето на богатството кое одредени луѓе го поседуваат, туку благосостојбата на сиромашните, која е се полоша секоја наредна година.
Богатството на Гејтс, Ортега, Слим, Цукенберг и уште четворица е еднакво на имотот на 3,6 милијарди најсиромашни луѓе. Овие осуммина заедно поседуваат 426 милијарди американски долари и со тоа имаат повеќе од целата посиромашна половина на луѓето во светот. Најбогатиот дел од светското население, според студијата, поседува 50,8 проценти од светското богатство и со тоа има повеќе од 99 проценти од остатокот на луѓето во светот заедно.

Концентрацијата на богатството, како никогаш досега е во помалку раце и е надвор од контрола, а тоа е неразделно поврзано со најголемите проблеми со кои се соочуваме: сиромаштијата, климатските промени, мигрантската криза, сигурноста на храната, и многу повеќе.

Корпорациите за храна, како Марс, Монсанто и Нестле се повеќе се ангажирани во практики со кои уште повеќе се зголемува концентрирањето на богатството: комерцијално превземање на конкурентите и постојано создавање на се поголеми корпоративни гиганти, трката во намалување на платите, надолу по должината на синџирот на снабдување, одземање на ресурсите и експлоатација на малите земјоделци, преку грабање на нивната земја и диктирање на цените на храната.

Оксфам се залага за похумана економија и апелира до владите во светот за воведување поголеми даноци за побогатите и за намалување на платите и даночните олеснувања на директорите. Според организацијата, деловните лидери треба да плаќаат чесен дел од данокот и затоа ги повикауваат компаниите на вработените да им плаќаат доволно за да можат да си ги покријат сите животни трошоци.

Оксфам веќе неколку години објавува слични извештаи. Минатата година пресметаа дека 62 најбогати луѓе во светот имаат исто богатство како и најсиромашната половина од светската популација. Во овој најнов извештај оваа бројка опадна на само осум најбогати.

Илустрација: hikingartist.com