Пчеларски ден – знаење и дружење 2019

  • 16/ 01/2019
  • Македонското здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) – MacBee веќе неколку години традиционално ја организира манифестацијата „Пчеларски ден – знаење и дружење“ каде на едно место се собрани ценети домашни и странски научни експерти од областа на пчеларството, професионални пчелари и пчеларски ентузијасти и вљубеници во пчеларството. Овој настан претставува одлична можност за надградба на Вашето пчеларско знаење и информирање за активностите на нашето здружение, како и размена на искуства и контакти со домашни и странски пчелари. Настанот ќе понуди повеќечасовна програма која вклучува презентации од информативен и едукативен карактер, а нема да отсуствува ниту изложбено-промотивниот карактер на манифестацијата, па така на штандовите на спонзорите на настанот ќе се промовираат најсовремена пчеларска опрема и квалитетни пчеларски репроматеријали.

    Настанот ќе се одржи на 27 јануари 2019 година, со почеток во 10 часот, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

    MacBee со особена чест Ве поканува да бидете дел од ова едукативно пчеларско дружење и со Вашето присуство да дадете значаен придонес кон подигнувањето на квалитетот на овој настан.

    Повеќе информации тука.

    Фото кредит © Slow Food Macedonia