Бирарија – Фестивал на занаетчиско пиво

  • 24/ 06/2019
  • Почетоците на пиварството во Македонија се врзани за Битола. Традицијата на консумација, боемството и интересот на новите генерации за занаетчиските пива, не инспирираа да се зафатиме со организирање на првиот пивски фестивал во нашиот град.
    Време: 29.06 2019, сабота 18-24ч.
    Локација : пацио на Музејот во Битола.
    Програма:
    •Дегустација на 50тина различни пива од 15 производители
    •Презентација на состојки за производство на пиво, технологија на производство и стилови на пиво
    •Слоу Фуд мезиња
    oБогата музичко-забавна програма:
    o Dj B.boy (Dј set)
    o „Мемфис Мафија“ (во живо)
    o „Пивски приказни“ со Лупчо Петров (стенд-ап настап)

    Влезница: 100 денари (добивате брендирана чаша и можност за дегустација на изложените пива).

    „ Кога бевме Битола, Васе, Васе
    шеќер, локум јадевме.
    Шеќер локум јадевме Васе, Васе
    ладна бира пиевме.“
    ~ народна песна

    Настанот е во реализација на Слоу Фуд Битола преку проектот „Мобилизација на граѓанското општество за поттикнување позитивни општествени промени – МОГО ПОП“ спроведуван како дел од проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации“ на Македонско здружение на млади правници. #EUproject #EUfunded #ЕУзаТебе #LegalAdvocacySutainabilitySupportForCSOs

    Спонзори и поддржувачи на настанот: Горска вода, Нискоградба Битола, Водовод Битола, Пиводром Скопје, Порталот: sakampivo.mk
    Повеќе информации во инбокс: https://www.facebook.com/slowfood.bitola

    Ве покануваме за заедно да се разладуваме, забавуваме и да уживаме во нашата „Бирарија“.