Жестока дебата, започна неодамна во Европската Унија околу фер цените на месото. Новиот извештај од „Холандската коалиција за цената на вистински животински протеини“ укажува дека моменталните цени на месото, не ги рефлектираат еколошките последици од животинското производство и предлага „одржлив данок“ на месото.
Данокот на месо, може да биде опција, како еколошки и здравствен трошок, што произлегува од масовното производство и консумирање на месо, кои што се во постојан раст. Сепак, првиот чекор би бил да се намали голем дел од субвенциите, кои што ЕУ ги дава за производство на ефтино месо. Во Слоу Фуд пак, постои убеденост, дека данок на месото не е најдобар начин да се справиме со преголемото прозводство и консумација на животински производи.
Слоу Фуд верува, дека, иако од витално значење е да се земе предвид, негативниот ефект што го има производството на месо, уште позначајно е да се направи разлика во влијанието на животната средина од страна на индустриското и производството во мал обем т.е. локално сточарско производство, кое најчесто се одвива на екстензивен начин. Генерален данок на месото ќе влијае и врз производителите и врз консументите истовремено. Овој нов предлог за данок ќе ги стави на ризик и егзиситенцијалните примања на малите одржливи производители кои барем на некој начин имаат придобивки од постоечкиот систем со субвенции. За разлика од интензивните фарми, екстензивните фарми произведуваат помалку емисии и преку одржувањето на природните пасишта придонесуваат за складирање на јаглеродот во почвата и општо земено произведуваат мали количини, но со повисок квалитет на месо што е веќе поскапо.
И покрај големиот број на студии кои константо укажуваат на ризиците врз човековото здравје и животната средина предизвикани од големата консумација на месо и млечни производи, Европските земји се најголемите консументи на месо во светот, кои што јадат од 80 до 90 килограми на месо годишно. Само за споредба, просечен Етиопеец конзумира само 7 килограми на месо во текот на една година.
Стратегија од фарма до трпеза, на која Европската Комисија моментално работи, не ветува никаква значајна промена во овој поглед. Протечен документ, добиен од страна на група на невладини организации открива дека Комисијата се определила да не го спомнува значењето на месната и млечната индустрија и консумацијата на овие производи. Како граѓанско општество неколку организации во заеднички писмо истакнаа дека овој пропуст ја загрозува стратегијата и кредибилитетот како и одржливотста да се постигнат целите за храна во ЕУ, како и за глобалниот стандард за одржливост.
На почетокот на февруари, Европските зелени и Социјалистите го поддржаа Холандскиот извештај кој повикува во даноците на цените на месото да биде вклучен и Европскиот зелен договор, како и Стратегијата од фарма до трпеза. Додека Холанѓаните планираат да го презентираат својот предлог за фер цена на месото во Холандскиот парламет, во текот на следниве месеци, малку е веројатно дека предлозите за данок на месо ќе бидат внесени во стратегијата од фарма до трпеза.
Иако предлогот за „фер цените на месо“ треба поголема и подлабока дискусија, Европската комисија не може да го премости прашањето за интензивното производство на месо и масивната консумација. Време е да се биде храбар и да се признае ургентноста и комплексноста на масовното индустриско производство на месо и неговите ефекти врз климатските промени, животната средина, благосостојбата на животните и секако здравјето на консументите.
Слоу Фуд Македонија исто така застанува зад кампањата #MeatLessMonday, преку свој концепт и слоган #ПосенПеток, во склад со нашата култура и традиција на исхрана и истата има за цел да ја подигне свеста на консументите за намалување на консумацијата на месо и еден ден во неделата, петок да уживаат во традиционалното петочко гравче или пак некој иновативен „посен“ рецепт која што би можеле да го споделат со нас.
Автор: Билјана Митревска, Слоу Фуд Млади Македонија