Aнализа на законската рамка за преработени производи од растително потекло во поддршка на малите бизниси со храна

ПубликацииAнализа на законската рамка за преработени производи од растително потекло во поддршка...

Сподели

Како клучни елементи и насоки на идниот развој во земјоделството се издвојуваат одржливоста на семејните фарми, еколошката ориентираност и понатамошниот економски развој на малите, семејни производства.

Во иднина ќе се дава поголема важност на приходите кои се добиваат од комбинирани активности, а не само земјоделските активности, преку подобра искористеност на потенцијалот, како и поголема насоченост кон бизнис и претприемачките иницијативи во земјоделскиот сектор.

Повидливи резултати би се добиле доколку процесот оди од горе кон долу, односно доколку работата на многу малите и малите земјоделски стопанства биде олеснета со за нив специјализирана законска рамка. Со други зборови, се работи за процесот на применета флексибилност за малите бизниси, традиционалните производства и дејностите за производство на храна лоцирани во географски ограничени средини.

Со оваа анализа се пристапува кон разгледување на можностите за донесување национален законски акт т.е. правилник со кој би се применила флексибилноста во делот на производство на растителни преработки.

Документ: Aнализа на законската рамка за преработени производи од растително потекло во поддршка на малите бизниси со храна
Slow Food Macedonia © 2020
Автори: Емилија Неделковска, Елена Каровска Гошевска
Уредување и дизајн: Горан Трсунов
Фото кредит: Different photography

Оваа анализа е изработена со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...