На 25 Април 2010 во Дојран беше организирана манифестација за подготовка и промоција на слаткото од дива смоква во југо-источниот регион во Република Македонија.Oвај проект е дел од активностите на фондацијата Слоу Фуд во Македонија, дел од светската мрежа на Слоу Фуд за промоција на автохтони видови и сорти и промоција на културата низ целиот свет.Слаткото од дива смоква и официјално ќе стане дел од оваа светска листа на производи и ќе биде прв ваков производ од Македонија.Општина Дојран, во соработка со Слоу Фуд Конвивиум Шарпланинска и Федерацијата на фармерите на Република Македонија-Мрежата на жени фармери, во присуство на значајни меѓународни и домашни гости, организира подготовка на слаткото од дива смоква и промоција на проектот.Како компанија која се залага за заштита на човековата околина и биодиверзитетот Аполонија заедно со својата фондација беше генерален спонзор на овај настан.
Објавено на: 25/04/2010
https://issuu.com/apollonia_foundation/docs/informator-na-fondacijata-apolonija-br.24