#ПосенПеток: Бакла сo зелени сливи

Слоу Фуд кујна#ПосенПеток: Бакла сo зелени сливи

Сподели

Баклата (Vicia faba)  е заборавена мешунка во Македонија. Ретко, но сеуште може да се сретне во гостиварските и радовишките села и најчесто е поврзана со локалното турско население, кои подготвуваат бројни специјалитети со неа.

Баклата се бере во периодот мај-јуни и при подготовка во кујна се користи како мешунка кога е зелена, а се користи и како зрна кога се издвојуват недозреаните зрна од зелените мешунки.

Состојки:

  • 500гр. бакла
  • 2 моркови, излупени и исечкани на кругчиња
  • 1 стракче млад кромид, иситнет
  • 3 чешниња лук, исчистен и иситнет
  • 200гр. зелени сливи, исчистени од семките и исечкани
  • 30мл. масло за готвење
  • сол и бибер по вкус
  • 1 кафено лажиче црвен пипер
  • 1 стракче магдонос, исчистен и исечкан
Баклата се користи како мешунка и како зрна кога се издвојуват недозреаните зрна од зелените мешунки © Unsplash

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ја баклата од мешунката(на ист начин како што се чисти грашок). Ставете ја да се вари, притоа променете ја првата вода откако ќе зоврие. Варете додека зрната не почнат да омекнуваат.
  2. Пропржете го кромидот и морковите додека кромидот не омекне. Додадете ја црвената пипер и баклата, притоа додавајќи 100мл. вода во тавчето и динстајте додека баклата целосно не се свари.
  3. Префрлете ја смесата во тавче за печење, додадете ги сливите и магдоносот. Измешајте ги сите состојки, зачинете со сол и бибер по вкус и ставете да се пече околу 20-30 минути на 200°C (да испари водата).
  4. Послужете наросувајќи свеж магдонос врз баклата.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...