7дена.мк: Слоу Фуд: Оваа недела не јадете месо, не фрлајте храна и гответе од локални намирници

Доколку ги следите светските трендови и настани поврзани со гастрономијата, неделава што тече ја знаете како Светската недела на храната. Храна за промени ширум светот, ама и кај нас. Токму затоа, од 16-22 октомври, Слоу фуд Македонија ја промовира неделната агенда на промени која гласи- готвење со локални состојки, приготвување на јадења без месо и нефрлање на храна.

Активистите ширум светот преземаат конкретни мерки за намалување на емисите на на CO2.

Глобалното затоплување денес е реалност. Производството и дистрибуцијата на храна претставуваат една петтина од светската  ‘треска‘  (Ar5 IPCC 2014, ФАО 2015) и затоа Слоу Фуд ги поттикнува луѓето секаде, -а особено во земјите со висок индекс на развој – да ги променат навиките во исхраната.

Луѓето чуствуваат немоќ пред трагичните последици на глобалното затоплување. Токму затоа, првиот чекор  е храната. Да се обидеме.

Слоу фуд ја започна неделата на промени како дел од кампањата „Храна за промени“, која започна на 24 септември на крајот на „Тера Мадре Салоне дел Густо“ и ќе трае со до крајот на оваа 2018 година. Придружете се!

Објавено на: 19/10/2018
Медиум: https://7dena.mk/

СЛОУ ФУД САЛОН: ВКУСОВИ ШТО ГИ НАСЛЕДИВМЕ, ПРИКАЗНИ ШТО ГИ ЧУВАМЕ

Македонија е земја на мераци, софри, гурманлуци и ќефови....

SLOW FOOD САЛОН 2026: ХРАНА ЗА СИТЕ!

📅 28 ноември, Хотел Континентал ✅️ Начинот на кој...

Сподели