Придружете ни се на предизвикот #ПосенПеток

НовостиБавни вестиПридружете ни се на предизвикот #ПосенПеток

Сподели

Нема сомнение дека храната е причина за климатските промени што влијаат врз нашите екосистеми, но исто така таа е едно од можните решенија.

Ова е причината зошто сакаме да посегнеме до што поголем број луѓе и да ги инспирираме да размислат за тоа како нашите секојдневни избори за храна имаат директно влијание врз климата на планетата и нејзината иднина. Сите може да дадеме пример со нашите лични акции во нивното ублажување.

Храна за промени

Со нашите идивидуални акции да помогнеме во јакнење на јавната свест за прашањето на климатските промени и да предложиме можни решенија во надминување и адатптација на оваа глобална криза. Интензивното земјоделство, индустриското производство и дистрибуција на храна придонесуваат со 21% од емисијата на стакленички гасови, еден од главните причинители на климатската криза.

Затоа ве покануваме да ни се приклучите во заедничката кампања за актуелизирање на прашањата за поврзаноста на нашата храна и климатските промени, поддржувајќи ги нашите предизвици.

#ПосенПеток

Интензивното, индустриско производство на храна има големо негативно влијание на животната средина. Производството и консумацијата на месо е во постојан раст и зазема застрашувачки размери. Интензивното сточарство безмилосно ги троши природните ресурси, го окупира плодното земјиште за производство на добиточна храна, ја загадува животната средина и произведува стакленички гасови, особено на метан. Мора сите да придонесеме за запирање на овој тренд.

Посниот ручек во петок е дел од нашата традиција која треба да продолжиме да ја негуваме, но истовремено е пример да размислиме, како да изгледаат нашите оброци од иднината. Штедливи, одржливи, ефтини и здрави оброци кои се добри за вас и се пријатели на планетата.

Разбудете го еко-свесниот гурман во себе,  согласно со  вашите афинитети и идеалите на Слоу Фуд, вклучете се во предизвикот #ПосенПеток и  прикажете ја вашата поддршка на социјалните медиуми:

  1. Фотографирајте или снимете видео што ве прикажува како готвите, јадете или споделувате храна или чинија за кои сметате дека ги претставуваат вредностите на кампањата. За повеќе детали информирајте се тука.
  2. Објавете ја фотографијата или видеото на еден од вашите профили на социјалните мрежи, помеѓу 03 јули и 31 август 2020 година, користејќи ги хаштазите:  #ПосенПеток и #ХранаЗаПромени
  3. Предизвикајте ги со тоа што ќе ги „тагирате“ во објавата вашите пријатели или некоја позната јавна личност која ја  познавате и замолете ги да го сторат истото!

Повеќе информации за кампањата: www.slowfood.mk/klimatskipromeni/

Се надеваме дека можеме да сметаме на вашата поддршка на предизвикот #ПосенПеток и на кампањата „Храна за промени“.

Искрено ваши,

Тимот на Слоу Фуд Водно

Кампањата #ХранаЗаПромени, има за цел да ја крене свесноста кај производителите и консументите за влијанието кое го има производството и консумацијата на храната врз животната средина и климатските промени. Истата е во рамки на проектот „Храна за промени“ кој го реализираат „Слоу Фуд Водно“, Скопје во партнерство со „Слоу Фуд Македонија“, Битола и „Слоу Фуд Млади Македонија“, Скопје

Финансиски поддржано во рамки на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ го имплементираат Еко-свест, CNVP Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...