„Биодиверзитетот на млеко е важен“, заклучија учесниците на првата конференција за „Биодиверзитет на млеко“.

Соопштенија за јавност„Биодиверзитетот на млеко е важен“, заклучија учесниците на првата конференција за „Биодиверзитет...

Сподели

До
Средствата за јавно информирање
во Македонија

„Биодиверзитетот на млеко е важен“, заклучија учесниците на првата конференција за „Биодиверзитет на млеко“. На конференцијата заеднички повеќе од 150 производители, експерти, граѓански организации и претставници на институциите ги презентираа и дискутираа актуелните прашања околу биодиверзитетот во сточарството,  производството на млеко и преработката на млечни производи од страна на малите семејни производства и политиките кои го засегаат овој сектор.

Целта на настанот беше да се отпочне дискусија меѓу сите учесници со која би се доближиле реалната слика на ова прашање и би се понудиле конкретни предлози за решавање на проблемите со кои се се соочуваат сите засегнати во синџирот на дистрибуција, од производителите до консументите.

„Секојдневно ги  губиме  автохтоните раси на млекодајни животни, најдобрите пасишта,  локалните сточари,  мандраџиите и нивниот  занает  за производство на најдобрите сирења. Секојдневно го губиме  животот во  руралните средини.  Млекото е прашање на егзистенција на производителите во руралните средини“ беше потенцирано од страна на учесниците на конференцијата.

На посебно организираната работилница за дегустирање на македонските сирења и нивно спарување со вина, беше нагласено и значењето на разноводноста на автохтоните  млечни производи, која воедно е прашање  на избор за консументите: „ Тоа не е едноставно прашање на најдоброто млеко и сирења, туку  губење на  нашата гастрономска култура  и слободата  на избор што ќе јадеме утре“.

Затоа организаторите ги повикаа сите учесници дека заедно можеме да им одолееме на овие предизвици.

Беше отпочнат дијалог меѓу производителите, експертите, граѓанските организации, свој придонес во дебатата даде и заменик директорот Абдулезел Догани на Агенцијата за храна и ветеринарство со презентација на законската рамка за регистрација на ваквите производства и имплементација на донесената регулатива за примена на хигиенските барања при производство на сирења од сурово млеко на мандра.

Беa предложени идеи за  воспоставување на локални  системи на дистрибуција на производи, каде преку кратките синџири ќе обезбедиме правична цена и за производителите и за консументите, за што e  донесен и посебен правилник.

За крај на настанот беше организирана изложба на автохтони млечни производи и дегустација на бројни специјалитети подготвени со македонските сирења.

„Слоу Фуд“ во Македонија и до сега посветено работи на овие прашања, преку различни активности.   

Од 2011 година се работи на проектот „Президиум на сирењата од високопланинска испаша Маврово-Река“, како наш практичен пример за поддршка на производителите. Едукација на децата и возрасните консумети, со која „Слоу Фуд“ се спротивставува  на  стандардизацијата, а  ги промовира малите производители,  последни чувари на  биодиверзитетот на млеко.

Во светскиот каталог  „Арка на вкусови“ веќе се поставени локалните соеви на млекодајни животни и ретки млечни производи кои исчезнуваат: биено сирење, буламач, стригле, цедено кисело млеко, кравја маст. Организирани се повеќе презентации и претставувања на македонските сирења на интернационални настани, како „Салоне дел Густо“, Cheese!, „Еуро Густо“.

 Настанот се реализира во рамки на кампањата на „Слоу Фуд Македонија“, „Да го зачуваме биодиверзитетот на млеко“ и проектот ЕССЕДРА, финансиран од ЕУ и во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна , Скопје.

Организаторите на учесниците и гостите им посакаа довидување до мај 2016 година за кога „Слоу Фуд Македонија“ веќе го планира второто издание на овој настан.

Анита Главевска
Референт за комуникации
glavevska.anita@gmail.com
075/708-807
www.slowfood.mk
www.slowfood.com

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...