Што е Ниелени?
Ниелени претставува жива легенда која потекнува од Африка. Силна и достоинствена жена, која ја обележа историјата на Мали со својата напорна работа на земјата, иновативност и грижа за прехраната на гладното население во своето село. Таа се спротивстави на родовата дискриминација на која беше изложена од страна на локалното население. Својата мисија ја започна борејќи се рамо до рамо со мажите, не плашејќи се од нив, се избори за репутацијата на жените. Ниелени создаваше, се грижеше, одледуваше, прехрануваше…
Денес, Ниелени е симбол, име со кое организациите го именуваа светскиот Форум на суверенитет на храна. Суверенитетот на храна претставува право, секој да ја дефинира својата храна, да се храни со квалитетна и културно соодветна храна, која што е произведена со примена на одржливи методи. Суверенитетот на храна се фокусира на желбите и потребите на оние кои ја произведуваат, дистрибуираат и конзумираат храната, при креирањето на системите на храна и земјоделската политика.
Доминантниот модел на систем на храна во Европа е контролиран од големите корпорации и нивните интереси каде што е сконцентрирана моќта, монокултурите и патентираните семиња. Денес, тоа доведе до уништување на природните ресури и биодиверзитетот, изумирање на културата и традицијата, намален број на производители на храна, нездрави диети и штетно влијание врз здравјето на конзументот. За разлика од овој модел, суверенитетот на храна се концентрира на храната и луѓето, ги вреднува производителите на храната, ги локализира системите на храна, применува знаења и вештини и ја фаворизира локалната контрола. Во согласност со природата нуди стратегии, со кои се дава отпор и се трансформираат актуелните системи на храна.
Ниелени е форум на организации, кои се обидуват да создадат движење за суверенитетот на храна во Европа. Ваквите движења претставуваат реакција на економската, еколошката и демократската криза која настана во Европа, а земјоделските и системите на храна претствуваат основа на таквата реакција. Целта на ова движење е реализацијата на суверенитетот на храна во Европа како основно човеково право и неговото адаптирање и вметнување во земјоделската политика во секоја држава. За ваква цел досега беа спроведени неколку активности на светско и европско ниво во вид на форуми за суверенитет на храна. Првиот таков форум беше органзиран во периодот 23-27.02.2007 год. во Селингве, Мали, Африка на кој присуствуваа 500 делегати од 80 земји ширум светот.
Ниелени во Европа
Овој форум беше појдовна точка за организација на европскиот форум за суверенитет на храна во Европа, кој се одржа во периодот од 16-21.08.2011 год. во Кремс, Австрија, на кој присуствуваа 400 делегати од 40 земји. Со цел да се комплетира сликата за движењето на суверенитетот на храна, делегацијата од секоја земја беше составена од производители на храна ( фармери, рибари, градинари и сл.), работници (земјоделци, мигранти, синдикати), невладини организации, конзументи, истражувачи, професори итн. Од нив 1/3 беа производители, 1/3 жени и 1/3 млади. Овој форум резултираше со донесување на декларација и заеднички план за акција на европско ниво. Тие беа презентирани на конференцијата ,,Повеќе фармери, подобра храна“ која се одржа на 07.03.2012 год. во Комитетот на регионите во Брисел, Белгија.
Ниелени во Македонија
Македонската делегација на европскиот Ниелени форум броеше 9 членови, а беше организирана од страна на непрофитната организација Кален. Таму зеде активно учество во изработката на заедничката декларација и план за акција. Истата своето учество го продолжи со своето учество на конференцијата ,, Повеќе фармери, подобра храна“, на која присуствуваа 2 делегати од Слоу Фуд Битола и Кален, од учесниците на форумот одржан минатата година. На оваа конференција освен што беа прикажани заедничката декларација, планот за акција и видео материјалот, учесниците ја демонстрираа корпоративната контрола на системите на храна во вид на учичен театар пред вратите на Европскиот Парламент, со цел да се истакнат капацитетите на фармерите и конзументите да дадат отпор и да ја трансформираат состојбата со храна во иднина.
Прв национален Ниелени форум во Македонија
Како дел од конкретниот акциски план претставува организацијата на Ниелени форум на национално ниво со цел да се актуелизира суверенитетот на храна во Република Македонија. На овој форум учесниците ќе можат да се вклучат активно и со свој став околу следните теми:
- Модели на производство (начини на производство на храна и придобивки);
- Организација на синџирите за храна (дистрибуција на храна и придобивки);
- Социјални аспекти и услови за работа;
- Пристап до земјата и другите ресурси;
- Земјоделската политика во Република Македонија.
Крајна цел на оваа дискусија е изработка и донесување на заедничка декларација со која ќе ги изразиме нашите потреби и барања и ќе превземеме конкретни чекори кон реализација на нашата заедничка цел.
Повеќе информации на следните линкови:
www.nyeleni.org
www.nyelenieurope.net
Контакт:
Ивана Лембовска
077/632-968
075/982-005
fojnik@yahoo.com
Слоу Фуд Битола