Ние сакаме локална храна: Вкуси ја разликата!

Соопштенија за јавностНие сакаме локална храна: Вкуси ја разликата!

Сподели

Во организација на ,,Слоу Фуд” Битола, Македонија и Форум ,,Синерџи”, Брисел, Белгија од 20-22 март 2014 година во Трново под Пелистер се одржа меѓународна работилница под наслов „Локалната храна е важна”. Станува збор за настан на кој присуствуваа 70 учесници од 16 земји од Европа од кои 6 беа од Балканот. Учесници беа претставници од Европската комисија, национални Mинистерства за земјоделство, национални агенции за земјоделство и храна, активисти од повеќе невладини организации, експерти и производители.  Оваа работилница се одржа со цел за  изнаоѓање на добар баланс помеѓу хигиенските правила,  производство во мал обем и квалитет. ,,Слоу Фуд” Битола со овој настан помогна за воспоставување на канали за соработка со ЕУ и вмрежување со цел споделување на заеднички ставови за малите локални производители  на храна.

Настанот започна со Слоу Фуд вечера за меѓусебно запознавање на сите претставници и со презентација и дегустација на локални производи и специјалитети од повеќе региони во Македонија кои веќе се вклучени во проектите на ,,Слоу Фуд” во Македонија.

Во рамките на овој  настан беа организирани и посети на производства од мал обем, каде учесниците  имаа можност да посетат места каде се произведуваат производи на традиционален начин меѓу кои беа: Крушево (производството на колбаси), Стење (рибарство и циронки), Трново (овчо сирење), Дихово (мед) и Буково (буковска пипер).

На панел дискусиите кои потоа следеа, предмет на разгледување беа малите производители на храна, кои играт важна улога за одржлив развој и заштита на природата во руралните области и реулативите кои го засегаат нивното производство.

Учесниците на работилницата донесоа заклучок во форма на документ во кој  ги повикуваат Европската комисија и Националните министерства да вклучат  јасни и задолжителни одредби за флексибилност во нивните законски прописи, со кои гарантираат поедноставни и пропорционални правила за производство за малите производители на храна.

Локалните производители на храна често се соочуват со строги барања, поврзани со непропорционални инвестиции во преработувачките капацитети.

Учесниците на работилницата ги повикаа надлежните власти на национално, регионално или локално ниво да ги применат минималните ограничувања кои веќе се предвидени во постојаната законска регулатива. Со цел да се промовираат најдобрате практики треба да има соработка и обуки помеѓу производителите, фармерите, преработувачите и локалните власти. Локалните производители на храна треба да воспостават водичи  за добри практики. Соработката помеѓу актерите на синџирот на дистрибуција на локалната храна да биде поддржана и да ги вклучуваат граѓанските организации со цел обезбедување и застапување за прашањата поврзани со локалната храна. Тие треба да соработуваат со граѓанското општество со цел да се изгради доверба кај потрошувачите, исто така и со помош на едукативни активности и споделување на знаења за нивните прехранбени производи.Таму каде надлежните органи не се подготвени да ја превземат одговорноста тие можат да користат одрекување: локално прехранбен производ. Безбедност на производи загрантирана од страна на производителот.

На крај, како финален заклучок кој учесниците го донесоа беше дека локалната храна е важна и секој од нас треба да ја препознае нејзината автентичност и важност. Затоа, да ја вкусиме разликата!

Анита Главевска
Асистент за комуникации

Slow Food Bitola
P.Box 27, 7000 Bitola
Republic of Macedonia
+389 75 708 807
glavevska.anita@gmail.com
www.slowfood.mk

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...