Кавадарци
Покана за медиуми
Организацијата „Слоу Фуд Македонија“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостoпанство на Република Македонија организираат Конференција за ознака на потеклото на производот и географската ознака.
Тема на конференцијата е „Заштита и унапредување на квалитетот на производите поврзани со географското потекло во Република Македонија”.
Конференцијата ќе се одржи на 27.03.2015 година во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци со почеток во 10 часот. На настанот ќе учествуваат претставници на владини институции, универзитети, невладини организации, како и производители од Република Македонија.
Со оваа конференција, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и „Слоу Фуд Македонија“ ќе иницираат дијалог со производителите, здруженијата и експертите за да се разгледаат можностите за поефективна имплементација на ЗOП во Македонија.
ЗОП (заштитена ознака за потекло) претставува име на регион, специфично место или во посебни случаи земја што се употребува да се опише земјоделски или прехранбен производ кој потекнува од тој регион, производ чии карактеристики и квалитет се должат на посебното географско опкружување и производ , чие производство или подготовка се одвива во дефинирана географска област.
Или поедноставно кажано:
ЗОП е термин што опишува прехранбен производ што се произведува, преработува и подготвува во дадено географско подрачје со употреба на признаени знаења и вештини.
_ _ _ _ _ _
„Слоу Фуд“ во Македонија повеќе од 5 години работи на заштитата на локалниот биодиверзитет и традициите на храна. Веќе 75 локални автентични производи се мапирани и поголем дел се внесени во меѓународниот каталог „Арката на вкусови“ и реализира четири проекти за развој на Президиуми – здруженија на производители.
Контакт лице:
Анита Главевска
Асистент за комуникации
Слоу Фуд Македонија
++389 75 708 807
anita.g@slowfood.mk
www.slowfood.mk