Slow Food лансира Опсерваторија за биодиверзитет

Соопштенија за јавностSlow Food лансира Опсерваторија за биодиверзитет

Сподели

„Од среднорочниот извештај на Европската комисија за биолошката разновидност,ситуација која е сѐ поалармантна“

Деновиве Европската комисија го објави среднорочниот извештај за мониторингот на биолошката разновидност во Европа. Документот, кој содржи 18 страници, заклучува дека во текот на изминатите четири години и покрај напорите направени во 2011 година од страна на Државите Членки, се нема случено подобрување на состојбата на биолошката разновидност на живеалиштата (хабитат) поврзани со земјоделството и досега не е постигнат напредок за остварување на целите поставени за 2020 година.

Поконкретно, 77% од европските живеалишта продолжуваат да бидат во негативна состојба, а 56% од видовите (растителни и животински) се во опасност.

Неодамнешниот извештај на Европската комисија покажува дека не се прави доволно и го наведува интензивното земјоделство како една од главните причини за нарушување на биолошката разновидност.

Намалувањето на биолошката разновидност што е во тек може да доведе до исчезнување на еден биолошки вид од 10 до крајот на овој век. Според научниците, поминуваме низ шестото масовно истребување во историјата, а човекот со неговите активности е главната причина за тоа.

Пјеро Сардо, претседател на Фондацијата Slow Food за биодиверзитет, потсетува: „Слоу Фуд работи на заштита на агропрехранбрениот биодиверзитет повеќе од 15 години, а со неговите проекти Президиуми  и Арка на вкусот постигна конкретни резултати во многу земји во светот, како што беше потврдено од страна на една студија спроведена со универзитетите во Торино и Палермо. Но, се работи за капка во морето“, додава тој, „и мораме да кажеме јасно и гласно дека е потребна вистинска , целосна културна револуција.Оваа катастрофална состојба може да се промени само со менување на потрошувачките навики од страна на сите нас. Од денес, започнуваме нова фаза, како одговор на една екстремно ургентна ситуација. „Слоу Фуд“ формира Опсерваторија за агробиодиверзитет, преку која ќе се обидеме да информираме на едноставен и пристапен начин, ќе се фокусираме на проблематични ситуации, ќе ги посочуваме можните решенија и ќе ставаме акцент на веќе добиените позитивни резултати, на таков начин што позитивните искуства ќе можат да се применат и да се приспособат на различни локални ситуации.

Изборот помеѓу два модела на производство треба да биде јасен: интензивното земјоделско производство на храна е главната причина за губење на биолошката разновидност. Моделот на мултифункционално, поливалентно земјоделство со мал обем може со време да ги одржи квалитетот и репродуктивноста на природните ресурси, да го зачува биодиверзитетот, како и да обезбеди интегритет на екосистемите.“

Веб страницата на Опсерваторијата за биодиверзитет „Слоу Фуд“ може да се види тука.

За подетални информации во канцеларијата за печат на „Слоу Фуд“ интернационал:

Paola Nano, +39 329 8321285 p.nano@slowfood.it

Слоу Фуд вклучува милиони луѓе кои ја следат филозофијата за добра,чиста и правична храна,мрежа составена од готвачи, производители, млади луѓе, риболовци и академци од повеќе од 150 земји, помеѓу нив 100,000 партнери здружени во повеќе од 1,500 локални групи кои преку финансиско учество ги овозможуваат овие манифестации.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...