Слоу Фуд Македонија на Тера Мадре Салонe дел Густо 2016

Соопштенија за јавностСлоу Фуд Македонија на Тера Мадре Салонe дел Густо 2016

Сподели

Пред 20 години, кога за прв пат се одржа „Салоне дел Густо“, храната и земјоделството имаа мала улога во комуникацијата, економијата и политиката. Од тогаш, се до денес многу работи се имаат изменето. Подигањето на свеста на луѓето, во поглед на системот на храна драматично растеше низ светот, благодарение на работата на „Слоу Фуд“. Извонредното богатство на знаење и енергија кое го шири „Слоу Фуд“, е сплотено во мрежа на „Тера Мадре“ каде се обединети 2.400 заедници на храна, кои на овогодинешното издание на „Тера Мадре Салоне дел Густо“ ќе ни го покажат значењето на „Сакај ја земјата“.

Организирано од „Слоу Фуд“, во регионот Пиедмонт и градот Торино, ќе се одржи 11-то издание на Тера Мадре Салоне дел Густо, кое ќе се одржи од 22-26 септември. Мотото  кое ќе ги собери сите на едно место е  „Сакај ја земјата“.

5000 делегати од 160 земји, 800 изложувачи на храна, 300 Президиуми на „Слоу Фуд“ и 500 заедници за храна на „Тера Мадре“.

Пред 4 месеци делгацијата на Слоу Фуд Македонија учествуваше на Тера Мадре Балкан кој се одржа во месец  јуни оваа година во Тирана, Албанија, каде ги презентираше своите 5 президиуми од кој со позитивни критки се врати назад и беше од големо значење за на 24-26 јуни во Битола да се одржи и Тера Мадре Македонија. По завршување на тридневниот настан кој изобилуваше со богата програма и успешна реализација македонската делегација се сели на уште еден Тера Мадре настан организиран од страна на „Слоуд Фуд“ – „Тера Мадре Салоне дел Густо“.

Слоу Фуд Македонија оваа година, по 5-ти пат ќе присуствува на Тера Мадре Салоне дел Густо. Македонската делегација  ќе допатува во Торино со 60 делегати меѓу кои ќе има: експерти, дел од младинската мрежа на Слоу Фуд Македонија, активисти, производители на 4-те Президиуми на Слоу Фуд во Македонија, готвачи и поддржувачи  на „Слоу Фуд“ мрежата во Македонија

Она што„ Слоу Фуд Македонија“ ги очекува во Торино, не е ништо ново што досега не се работело. 82 работилници за вкус, 4 вечери со познати готвачи, 27 училишни часови за готвење, 12 големи конференции, 41 форуми на Тера Мадре заедниците, 180 едукативни активности, 184 активности организирани од страна на Универзитетот за гастрономски науки, Италија и уште многу други активности, како заштита на биодиверзитетот, ублажување на климатските промени, врската помеѓу производството на храна со земјата. Сите заедно со нашите избори, имаме неверојатен потенцијал за решавање на овие прашања. 

На ова 11-то издание на „Тера Мадре Салон дел Густо“, „Слоу Фуд Македонија“ како и секое издание има свој штанд. Оваа година на штандот  ќе ги претстави своите 4 Президиуми: слаткото од диви смокви, Президиум на Буковската Пиперка, грозјето Станушина, Президиумот Макби.

Во текот на петдневното излагање на производите, секој ден ќе биде посебно презентиран по еден производ од Президиумите. Со оглед на тоа што со македонската делегација ќе патува и готвач кој е дел од „Алијанса на готвачи“,  на штандот ќе бидат приготвувани јадења со локални состојки од нашата земја карактеристични за нашата кујна.

Она што е интересно за ова издание на „Тера Мадре Салон дел Густо“ е павилјонот „Let it Bee“! во Универзитетот на Торино, Palazzo del Rettorato, постои простор кој е посветен на пчелите. „Let it Bee“ е дизјаниран со цел да ја претстави приказната за пчелите и пчеларите.  Со македонската делегација ќе патува и претставник на Президиумот Макби, кој воедно  на овој павилјон ќе ги претставува и македонските техники на пчеларење. Во павилјонот ќе има  изложба со поставени слики и ќе бидат поставени и трмки како и опрема од традиционалното пчеларење во Македонија-пчеларење во трмки. Собрани на едно место, тука пчеларите преку своите искуства и сведочења ќе го докажат значењето на пчелите во зачувувањето  на биолошката разновидност. Овај павилјон е поставен со цел да се подигне свеста за употребата на пестицидите, да се објасни традиционалното производство на мед и да се постават нови граници во урбаното пчеларење.

Македонската делегација ќе земе учество и на една конференција која е посветена на Заштитата на Биодиверзитетот на Балканот, а  истата ќе се одржи во рамките на проектот ЕСЕДРА, кој во Македонија се спроведува веќе 4-та година.

„Тера Мадре Салоне дел Густо“ е настан кој се одржува на секои две години.  Тера Мадре Салоне дел Густо, по прв пат овој настан го организира на отворено. Ако до сега се одржуваше во Лингото, сега ќе се одржува на најпознатите места во Торино.  Паркот Валентино, средновековното село, Кралската палата, Театарот Карињано, културен центар се само дел од местата каде што ќе се реализираат предвидените активности.

Настанот Тера Мадре Салоне дел Густо  е овозможен со помош на неколку организации, меѓу кои Официјалниот партнер: Lurisia, Pastificio Martino, Radeberger Gruppe Italy, Lavazza, Sapori, Iren, Intesa San Paolo, Elpe; поддржувачите на фондацијата Тера Мадре  и на Слоу Фуд: Compagnia di San Paolo, Fondazione CRT и Association of Banking Foundations of Piedmont, Coldiretti. Со поддршка од IFAD, Европската унија и CIA.

Слоу Фуд е глобална организација која има визија за свет во кој сите луѓе имаат пристап и уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние што ја одгледуваат и добра за планетата. Слоу Фуд вклучува повеќе од еден милион активисти, готвачи, експерти, млади, земјоделци, рибари и научници од над 160 земји. Меѓу нив, мрежа од околу 100.000 членови се поврзани во 1.500 локални ограноци низ светот, кои даваат свој придонес преку членарината што ја плаќаат, како и преку настаните и кампањите што ги организираат. Како дел од мрежата, повеќе од 2.400 заедници за храна на Тера Мадре практикуваат мало и одржливо производство на квалитетна храна низ целиот свет.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...