„Слоу Фуд“ на ЕКСПО 2015 во Милано, Италија

Соопштенија за јавност„Слоу Фуд“ на ЕКСПО 2015 во Милано, Италија

Сподели

До:
Средства за јавно информирање

Во петокот свечено беше отворена светската изложба ЕКСПО 2015, која оваа година се одржува  во Милано, Италија и се  очекува да привлече 20 милиони луѓе во текот на следните шест месеци.

„Зачувај го биодиверзитетот. Зачувај ја Планетата“ – Слоу Фуд на ЕКСПО 2015 e пораката која „Слоу Фуд“ ќе ја испрати преку оваа изложба.  Тема, со која „Слоу Фуд“ се занимава од своите почетоци и преку своето учество смета дека е од суштинско значење да се учествува  и да  понуди решенија за тоа како да се нахрани планетата. Пристапот кон тоа прашање на ЕКСПО 2015 е преку една од своите главни теми: Биодиверзитетот.

Локалните сорти наспроти индустриското производство.

Огромен песочен часовник ќе го претставува биодиверзитетот, како со забрзано темпо се губи биолошката разновидност, серија на слики од зеленчук, овошје, сорти кои се во опасност од исчезнување….

Заштитата на Биодиверзитетот ќе помогне да се одржи рамнотежата во екосистемот, воедно е стремеж за спротивставување во ограничувањето на исхраната во светот со само три житарици (пченка, ориз, пченица).

„Слоу Фуд“ во текот на овие шест месеци ќе има свој простор,  дизајниран од страна на “Херцог и Де Меурон” едни од најпознатите студија во светот. Оваа архитектонска двојка направи одлична работа за просторот за „Слоу Фуд“ кој е различен од другите Експо структури.

„Слоу Фуд“ павилијонот на ЕКСПО се состои од  три компоненти, каде првата претставува патека на биодиверзитетот, изложбен простор за слики и видеа и интерактивни игри. Втората се движи од теорија кон пракса, каде им се овозможува на посетителите преку дегустација на сирење да дознаваат нешто повеќе за синџирот на производство на млеко.  Во текот на шест месеци ЕКСПО ќе им понуди повеќе од 200 видови на вина и 84 сирења. Третата зграда е посветена за работилници, конференции, изложби и информативни средби со   производителите.  Во централниот простор, во дворот, креирана е одржлива  Слоу Фуд градина за да го претстави еден од своите главни проекти каде работи за заштита на семињата, локалната храна како и одржливост на суверенитетот на храна.

 Во текот на септември, во рамки на павилјонот на „Слоу Фуд“, планирано е претставување на селекција на репрезентативни сирења и вина од Македонија, со што ова ќе биде една од ретките можности за претставување на Македонија, на оваа изложба, бидејќи нашата земја оваа година нема свој павилјон за национално претставување – информираат од „Слоу Фуд Македонија“.

Од 3-6 Октомври ќе се одржи конференцијата на „Тера Мадре млади” која ќе гласи: ,,Ја Храниме Планетата”, каде ќе се соберат млади фармери од целиот свет. „Слоу Фуд“ изрази желба и бара од нив да дојдат и да завземат посебно место на овој саем во врска со прашањето поставено  на ЕКСПО: ,,Како да ја нахраниме планетата?” и одговорот, како младата популација може да ја има главната улога. На оваа конференција, учество ќе земат и млади производители и активисти од Македонија во организација на „Слоу Фуд Млади Македонија“.

Слоу Фуд вклучува повеќе од милион луѓе посветени за добра, чиста и правична храна. Млади готвачи, активисти,  експерти, рибари, земјоделци, мрежа од околу 100.000 членови од 1.500 конвивиуми, над 2.500 Тера Мадре заедници за храна кои практикуваат мало и одржливо производство на храна низ целиот свет.

 Во прилог Ви доставуваме слики од настанот.

За дополнителни информациии лице за контакт со медиумите:

Анита Главевска

Асистент за комуникации
Слоу Фуд Македонија
П.факс 27, 7000 Битола
075/708-807
anita.g@slowfood.mk
www.slowfood.mk

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...