#ПосенПеток: Летна чорба со наут

Слоу Фуд кујна#ПосенПеток: Летна чорба со наут

Сподели

Летните топли денови, често претставуваат и дилема, што да се зготви. Денови кога апетитот се губи и идеите што да се подготви за ручек. Во период со изобилство на разнобојни зеленчуци во градината не треба да се размислувате многу.

Kомбинацијата со мешунки богати со протеини и едноставоста во подготовката се доволни причини да ве убедиме да ја подготвите оваа летна чорба.  Не сме доволно убедливи? Еве уште неколку:  здрава, брза, но и вкусна. Додадена вредност на овој рецепт е тоа што се подготвува од сурови и евтини намирници, кои се достапни во овој дел од годината.

Состојки:

  • 200 гр. наут (сув);
  • 1 тиквичка;
  • 2 пиперки;
  • 1 домат;
  • 1 главица целер заедно со лист;
  • 1 главица кромид;
  • 3 моркови;
  • 1 чешне лук;
  • 3 чаши супа од зеленчук;
  • 3 лажици маслиново масло;
  • 2-3 ловорови листа;
  • 1 лажиче мелен црвен пипер;
  • ½ лажица брашно
  • 1/2 лажиче ким
  • 1/4 лажиче црн пипер,
  • 1/2 лажиче сол.
Наутот беше доста присутна мешунка на нивите и често употребувана во кујната во минатото во Македонија © Николче Николовски

Подготовка:

  1. Подгответе го наутот од претходниот ден: измијте го, ставете го во сад и прелијте го со вода (двапати поголема количина) нека отстои најмалку 12 часа во водата за да набабри;
  2. Загрејте го маслиновото масло во поголемo тенџере. Додајте го исечениот кромид, морков и целер. Гответе, мешајќи често,  додека кромидот не омекне и не стане стаклест, околу 5 минути;
  3. Додадете ги претходно ситно исецканите пиперки, лук и ловоровиот лист. Гответе додека не замириса во кујната, проследено  со често мешање, околу 1 минута;
  4. Додадете ја тиквичката исечена на ситни коцки и гответе уште 1-2 минути;
  5. Додадете го исечениот домат, наутот, зеленчуковата супа и 1/2 лажиче сол. Подигнете ја топлината и доведете ја смесата до вриење, а потоа покријте го садот и намалете ја топлината и гответе 10 минути;
  6. Во меѓувреме, растворете 1/2 лажица брашно во 1/2 чаша ладна вода, измешајте до мазна конзистенност и додадете во чорбата. Добро ставете го и гответе уште 5 минути;
  7. Tргнете го тенџерето од огнот, а потоа отстранете ги ловоровите листови. Пробајте на вкус и зачинете со мелениот ким и  бибер, промешајте вкусовите да се соединат и се рашири нивниот мирис, дајте им време да „пропеат“. Доколку ви треба уште малку сол, додеадете, во зависност од вашите лични преференци;
  8. Сервирајте во чинии, излијте со маслиново масло и додадете ситно исцекан лист од целер.

Белешки:

Ви предлагаме да примените неколку совети кои се пријатели на климата, преку намалување на отпадот од храна и рационалното трошење на енергијата во кујна.

  • Најдобро е претходно да подготвите зеленчукова супа, со  остатоци и отпадоци од вашата кујна. Се она што ви останува од зеленчукот додека готвите, како отсечени делови од моркови, целер, пашканат, надворешни лушпи од кромид, дршки од магдонос и целер, стебленца од блитва и брокула или корен од спанаќ,  ставете ги во тенџере, наполнете вода, малку посолете и оставете го бавно да се варат. На крај процедете ја и спакувајте ја во тегла или некој друг погоден сад.
  • Најчесто правете го после подготовката на ручекот со цел да ги искористите загреаните рингли или рерна, така што нема да трошите повеќе електрична енергија и супата нема да ве чини скоро ништо. А ќе добиете хранлива и вкусна супа, која ќе ви послужи како основа за следните оброци кои планирате да ги подготвувате. Чувајте ја во ладилник до една недела или замрзнувач до 2 месеци.

Рецептот е споделен во рамки на кампањата #ПосенПеток од страна на Николче Николовски, претседател на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија

Gij Beste Eigenlijk Geld Gokhal Belgi 2025

VolumeOfflin gokkasten pro echt geld betreffende grootst uitbetalingspercentage (RTP)Waar...

Uptown Pokies

ContentOther PayID Gambling enterprise Online Gift TypesNo-deposit Register Added...

Better On the internet Penny Slots and Where to Play December 2025

BlogsWhere you should enjoy cent ports on the internetDepositFree...

Book out of Dead by Play’n Wade Gamble moon temple slot machine Free or for Actual Currency

ContentMoon temple slot machine: GameTalk Head officeOur very own...