Мојот другар Васко Гошев ми помогна многу околу темата за денешниот посен петок. Тој е голем љубител на природата .Неговите секојдневни прошетки на падините на Водно се испреплетени со многу приказни. Денешната приказна е за сите нас несекојдневна.
Тој најде ПУФКА печурка која ни помалку ни повеќе тежи цели 9,5 кг. Ако во литературата пишува дека може да се најдат пуфки капиталци со тежина и до 10 кг. ова е една од нив.
Голема ќелава пупафка (Calvatia gigantea) е вод на сунѓереста габа. На почетокот од созревањето месото и обвивката се бели. Таа е широко распространета низ територијата на Македонија и е познат деликатес, но ако не се зготви во рок од 24 часа пожолтува и не е употреблива за јадење. Докажано е нејзиното лековито својство како антибиотик.

Откако ќе созрее нејзините спори помагаат за побрзо заздравување на рани. Кога ќе созрее Пуфката ги растура нејзините спори преку пукнатините кои се направиле при притисок или од паѓањето на дождовните капки. Пуфката се сретнува во лето и есен по градини, пасишта, во близина на листопадни шуми.
Поради импресивните димензии, тешко се помешува со други видови печурки. Нејзините спори содржат хемиски соединенија кои имаат антибактериско дејство.
За посен петок препорачувам тенко исечени парчиња од пуфката пржени на плотна.
Василка Стефановска, Слоу Фуд Водно