Познатиот биолог Едвард О. Вилсон напишал: „Доколку целокупното население исчезне, животот на планетата Земја ќе се регенерира и повторно ќе го достигне еквилибриумот кој постои десетици илјади години. Но доколку исчезнат инсектите, светот и животната средина ќе бидат во целосен хаос.“
Без присуство на пчелите, голем број на диви и култивирани растителни видови нема повеќе да постојат. Според светската организација за храна и земјоделство (ФАО), дури 71 од вкупно 100 растителни видови, кои претставуваат 90% од секојдневната исхрана на светското население зависат од поленизацијата на пчелите.
Покрај поленизацијата, пчелите се заслужни за бесценети производи како медот, поленот, матичениот млеч, восокот и прополисот, кои дел од исхраната на човекот уште од самите почетоци.
Денес се соочуваме со големи предизвици кои се резултат на климатските промени, појавата и ширењето на различни болести и паразити, употребата на монокултури како и нерегулираното користење на пестициди кои што придонесуваат за исчезнувањето на голем број видови на пчели, но и негативно се одразуваат врз пчеларството во светот па и кај нас.
Затоа е неопходно секој еден пчелар да ја почитува природата, да користи одржливи производни практики и секако да ги применува минималните хигиенски барања со што би се добил безбеден производ.
Бидете дел од втората панел дискусија „ Дали иднината ќе биде медена? “, која ќе се одржи на 17 декември 2020 година (четврток), на платформата zoom, со почеток во 18:00 часот и дознајте повеќе за тоа каква е ситуацијата со пчеларството во нашата земја, како и искористеноста на можностите за регистрација на малите производители на мед и останати производи од пчели.
Учесници:
- м-р Борче Павлов, експерт за пчеларство и пчелар
- Сашко Арсов, Раководител на секторот за Ветеринарно Јавно Здравство, Агенција за харана и ветеринарство – Скопје
- Горан Алексовски, претседател на , ЗГ „Македонска пчела“ , Негорци (MacBee)
- Нацо Јовчевски , пчелар, „Пчеларник БН“, с.Дихово, Битола
- Иван Додевски, пчелар, „Пчеларство Додевски“, с. Рудник, Велес
модератор: Емилија Неделковска, Слоу Фуд Македонија
Целта е да се поддржат локалните производители на храна од мал обем во процесот на регистрација на нивните производни капацитети и истовремено да се разменат добри практики и примери.
Пријавување на учесници: slowfood.macedonia@gmail.com (најдоцна до четврток 17.12 2020, до 16 часот)
Дискусијата е во рамки на проектот „Практична имплементација на легислативите во објектите за традиционално производство“, кој е поддржан од Мрежа за рурален развој на Република Северна Македонија преку проектот NAGE – Вмрежување и застапување за зелена економија, финансиран од Европската унија.
