„Момчињата од Бароло“ во Кино Манаки

НовостиБавни вести„Момчињата од Бароло“ во Кино Манаки

Сподели

Проекција на филм: Кино Манаки, 03.12 2021, петок, 20 часот„Момчињата од Бароло“

во рамки на Slow Wine 2021: Вински салон Битола 03-04.12 2021

Режија: Паоло Казалис / Тициано Гаја [2014, Италија/САД] 64 минути

Бунтовници испишуваат историја. Прават вистински пресврт, огромна промена во еден регион на Италија, водени единствено од желбата да произведуваат врвно вино, најдобро во светот. Некои ги доживеале како „тренд што брзо ќе помине“, а за други биле вистински „бум“. Момчињатата од Бароло денес се синоним за нова филозофија, за поинаква боја и поинаков мирис. За сосема поразличен пристап. „I ragazzi del barolo“, како што самите велат, се виновни што предалеку отишле со својата револуција. Овој филм, добитник на многу награди, е вистинско уживање. Одлично ја прикажува кратката, но интензивна траекторија на оваа мала група производители кои направија трајни и неизбришливи промени во светот на виното.Влез со влезница за Винскиот салон за 04.12 2021 во Офицерски дом (ќе може да се набават на влез).

Бројот на места e ограничен.

Настанот ќе се одржи во согласност со Covid-19 протоколот на Министерството за здравство. Задолжително треба да се покаже сертификат за двојна вакцинација, негативен PCR тест или сертификат за прележан Covid-19 во последните 30 дена. Носење на маска е задолжително.

Влезници за настанот можете да набавите и онлајн: https://mktickets.mk/event/swbt/

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...