Молскавици и плескавици

ПубликацииМолскавици и плескавици

Сподели

Просечните температури се зголемуваат премногу брзо, додека феномените, како што се поплавите, сушите, ураганите, станаа  вообичаена појава. Биодиверзитетот е еден од првите жртви на оваа  состојба; нивото на морињата секојдневно се крева, додека нивото на езерата опаѓа, глечерите се топат, а зимите се благи и суви без снег, и повеќе од јасно е дека човекот има голема одговорност во врска со сето тоа.

Но, иако климатските прашања сево центарот на глобалната политичка сцена,односот помеѓу храната и климата, храната и животната средина се чини дека останува на маргините на дискусиите.Па, ајде да се обидеме да разбереме до кој степен системот на храна ги одредува и придонесува за климатските промени.

Почнувајќи од индивидуалното однесување преку секојдневниот избор на храна, секој од нас може позитивно или негативно да влијае врз животната средина. Всушност, не е важно која е нашата професија и кои се нашите вештини.

Храната е елементот кој нè обединува сите и изборoт што се однесува на нашата исхрана е клучната алатка за обезбедување позитивни резултати во краток временски период.

На следните страници ќе се обидеме да дадеме насоки и совети за подобрување на нашите прехранбени навики поврзани со храната, од моментот на набавка на намирниците, па сè до моментот на готвење и консумација на истите.

целата брошура симни ја од тука.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...