VISTINA.MK: „Слоу Фуд гостилници“: Промовиран првиот водич на слоу фуд Македонија

Прес прегледVISTINA.MK: „Слоу Фуд гостилници“: Промовиран првиот водич на слоу фуд Македонија

Сподели

Вчера во кафе книжарницата „Литература“ беше промовиран првиот водич на Слоу фуд Македонија, прирарчник за добра и автентична храна во интересни гурмански објекти кај нас насловен како „Слоу Фуд гостилници“. Зошто „Слоу фуд гостилници“? Затоа што ја пресликуваат традицијата и ги применуваат принципите на современата кујна, го почитуваат старото што го сервираат во новото, правејќи вкусна симбиоза од минатото и иднината. Водичот го претставува гурманското богатство на 17 интересни гостилници во нашата земја, што ја промовираат регионалнaта кујна, локалните вкусови и нашиот гастрономски идентитет.

Предложените места, ресторани, гостилници, деликатесни продавници за вино.., ја потврдуваат тезата дека кај нас во Македонија поради сонцето, гостопримството, амбиентот и пред се, вкусната храна, навистина добро се јаде. Како ќе препознаете Слоу Фуд гостилница? Знак на распознавање е црвеното полжавче што се наоѓа на вратите на локалите а тоа потврдува дека потеклото на храната е локално, високо квалитетно и произведено од малите фармери и занаетчии. Полжавчето ќе ви биде патоказ кон местата каде добро се јаде и пие, дека токму таму има мени- репрезент на локалната кујна што обезбедува одличен квалитет и фер цени во менито. На овој проект работеше цел тим на стручни соработници на Слоу фуд Македонија а автор на текстовите е Валентина Вања Тодоровска.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...