Со затворањето на изложбениот салон во Битола и модниот перформанс на проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниототпад во Општина Штип“, успешно беше означен крајот на тридневното издание на настанот, во чиј фокус беше бавната мода и циркуларнатаекономија под слоганот „Beyond the Fields“, давајќи им простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проектNoWasteMK.
Преку шоу-рум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори во Битола и Штип, со онлајн-вклучувања од Штип до Њујорк, NoWasteMKистражуваше и дискутираше на теми за одржливост, со цел да ги поттикне потребните промени кон поодржливо општество и индустрија!
Првиот ден тема на дискусија беше поврзаноста помеѓу „slow food“ и „slow fashion“ и можностите за едукација на новите генерации за како сè можeда се вкрстат двата концепта за плодна иднина. Со „Слоу Фуд Македонија“, на автентична вечера, го промовираа светскиот тренд на соединување наздрава храна и мода, залагајќи се за одговорен однос кон планетата и животната средина.
Визијата на NoWasteMK беше да обедини различни индустрии во Македонија со цел да создаде ефикасен проток на креативност во различнисектори. Своето видување на концептот го претставија преку храна и отворија можност сите заедно да ги пронајдеме точките што нѐ спојуваат, да јаистражиме поврзаноста меѓу земјоделството, храната и модата, погледнувајќи низ призмата на одржливоста, циркуларната економија и локалнатакултура
За време на вечерата на гостите им беше поставено едно прашање: „Што би било она што би можеле да го направите во моментов, придонесувајќикон одговорна мода?“ Некои од уникатните одговори беа искористени во креирањето на програмата на Моден викенд, како: „Промена на односот коншопингот, инвестирање во сезонски парчиња облека и донирање облека“, додека други одговори беа „Зголемување на побарувачката за прилагоденаодржлива облека“ како и „Рециклирање стара облека и намалување на потребата од купување нови модни парчиња“.
Иднината на модата изгледа фигитално – „phy-digital“. Преку модни филмови дигитално беа претставени најновите колекции на учесниците.Сезонскиот концепт беше очигледно дека иако дигиталното не може да го замени физичкото, сепак овозможува бројни креативни и логистичкипридобивки, комбинирајќи виртуелна презентација со изложбен салон. Пред бројните новинари, јавни личности и љубители на убавиот дизајн,своите колекции ги прикажаа, како познати имиња од домашната сцена, така и млади таленти за кои допрва ќе се слушне.