ohridpress.com.mk Oснован конвивиумот Слоу Фуд Охрид

Прес прегледohridpress.com.mk Oснован конвивиумот Слоу Фуд Охрид

Сподели

19 февруари 2022

(ОХРИДПРЕС) – Неодамна во Охрид се одржа основачкото собрание на конвивиумот „Слоу Фуд Охрид“ како резултат на повеќегодишните заложби на десеттина сопственици на мали бизниси и производители на органска и автентична храна од охридскиот регион.

– „Слоу Фуд Охрид“ е единаесетиот конвивиум во мрежата на „Слоу Фуд Македонија“ и е дел од светската мрежа на Слоу Фуд, чие делување е распространето во 160 земји во светот и насочено кон спречување на се поголемата глобална хомогенизација на вкусовите, со особен нагласок на одбрана на традиционалната храна и локалниот биодиверзитет пред напливот на унифицирани производи и едноличноста во понудата, информираат од „Слоу Фуд Македонија“.

Првичните актовности на „Слоу Фуд Охрид“ ќе бидат во мапирање на локалните и автентични производи и нивните производители во Охридскиот регион и нивно вклучување во светскиот каталог „Арка на вкусови“ кој го управува Слоу Фуд фондацијата за биодиверзитет.

Меѓу плановите на „Слоу Фуд Охрид“ се локалните продукти и производи да се здобијат со заштитен статус на президиум и понатамошна нивна промоција и на интернатионално ниво преку мрежата на „Тера Мадре“. Конвивиумот меѓу првите активности планира да воспостави „Пазар на фармери“ чие одржување се планира во текот на туристичката сезона, со цел да се претстави како организација пред пошироката јавност и да ги презентира локалните производители и занаетчии. Во делот на едукацијата веќе има иницијативи од членовите и неколку охридски училишта за воведување на училишните програми на Слоу Фуд, пред се’ на „Училишни градини“ како и соработка со средното угосттелско училиште и Факултетот за угостителство и туризам од Охрид во едукацијата на младите кадри во промоцијата на локалната гастрономија. (Крај)

извор: „Слоу Фуд Македонија“ фото: „Слоу Фуд Македонија“

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...