Slow Wine Fair настан на доброто, чисто и правично вино

НовостиВо фокусотSlow Wine Fair настан на доброто, чисто и правично вино

Сподели

Од 27-29 март 2022 година, винарите, ентузијастите, професионалците (дистрибутери на вино, сомелиери, вински критичари и писатели, угостители и готвачи) се среќаваат во Болоња, Италија на Slow Wine Fair, саемот посветен на добро, чисто и правично вино.

Саемот ќе биде домаќин на првиот состанок на Slow Wine Coalition, инклузивна, колаборативна и меѓународна мрежа која ги обединува протагонистите од винскиот свет: винарите, ентузијастите и професионалците од секторот. Тоа е можност за дебата меѓу сите актери во мрежата, по примерот на Тера Мадре. Навистина, би можеле да го наречеме и првиот вински Тера Мадре настан.

Ова значи дека во текот на трите дена на Slow Wine Fair, стотици производители од цела Италија и остатокот од светот ќе се соберат во Болоња за да разговараат за иднината на виното и производството на вино, здружувајќи ги силите за колективно да ја напишат својата визија.

Но, Slow Wine Fair не е само за лозарите и винарите. Ентузијастите и професионалците од секторот можат да уживаат во богатата програма на мастеркласови и да изберат меѓу илјадниците етикети од целиот свет, селектирани од Слоу Фуд. Овој последен дел ќе биде збогатен со учество на Федербио, Италијанската федерација за органско и биодинамично земјоделство.

Настанот ќе биде отворен за сите во недела на 27 март, додека 28 и 29 март,  понеделникот и вторникот се резервирани за професионалците од секторот. Сепак, членовите на пошироката јавност кои имаат билети за мастеркласовите во понеделник или вторник сè уште ќе можат да пристапат на саемот.

Виното може да биде важна алатка за културнота преродба на селата и руралните средини © slowinefair.slowfood.it

Отворање на дебатата за виното со промена на курсот, од лозје до шише

Преку производството и потрошувачката на одреден тип на вино имаме за цел да влијаеме на иднината на производството на тоа вино: бидејќи светот на виното сè уште е многу зависен од употребата на хемикалии, а растот на монокултурите му штети на биолошката разновидност на најпрестижните тероари. Веќе неколку години, се формира напредна авангарда од винари, обединети во нивното признавање на потребата да се смени курсот.

Слоу Фуд има за цел да изгради систем преку кој виното може да биде важна алатка за културнота преродба на селата и руралните средини, каде што винарите се и чувари на земјата и промотори на системот кој ги спојува архитектурата, биодиверзитетот и социјалната правда. Само на овој начин пактот помеѓу винските ентузијасти, винарите и сите други субјекти во винската индустрија може да игра улога што го поттикнува социјалниот и културниот раст.

Првото издание на Slow Wine во Македонија © Slow Food Macedonia

Македонското вино на Slow  Wine Fair

На саемот учество ќе земат  седумте винарии кои се дел од првиот Slow Wine водич со 30 етикети на вино, препорачани во водичот. Ова ќе биде пра средба на нашите винари во меѓународната коалиција на Slow Wine, како и да се презентираат вината и првото издание на водичот и да се разменат идеи како да се унапреди работата на на целиот проект  во следните години.

Според концептот на Слоу Фуд, виното треба да се гледа и позади чашата, опкружено со сите аспекти од стратешко значење за нашата иднина.

Повеќе за програмата на настанот: https://slowinefair.slowfood.it/en/

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...