Бидете дел од најголемиот и најексклузивен глобален настан посветен на земјоделството, храната и гастрономијата, од 22-26 септември 2022 во Торино, Италија.
Регионот Пиедмонт и градот Торино, Италија од 22-26 септември ќе бидат домаќини на 14-то издание на меѓунарониот настан на Слоу Фуд: Тера Мадре Салон дел Густо, кој претставува најважен настан посветен на културата и храната. На настанот ќе учествуваат 130 земји, 700 изложувачи на храна.
Тера Мадре Салон дел Густо е настан кој се организира на секои две години. Оваа година, Слоу Фуд одлучи најголем дел од активностите и изложувачите да ги смести на просторот на паркот Дора, но и во музеите и кралските палати низ Торино. За да ви го донесе поблиску овој настан, Слоу Фуд Македонија во соработка со туристичката агенција „Хера Турс“ организира 8 дневен аражман во градот Торино и регионот Пиедмонт наменет за своите членови.
Понуда со програмата: https://slowfood.mk/wp-content/uploads/2022/09/TerraMadre.2022-Ponuda-na-programa.pdf
Последна можност да го резервирате Вашето место, бидејќи се преостанати многу малку места.
Информации и пријавување:
Николче Николовски, Слоу Фуд Македонија,
070 922 429
Време е за РеГенеАкција! Време е за Тера Мадре 2022.
Се дружиме во Торино.