It’s the story of Bieno Cheese
It’s the Macedonian way
Bieno with tomato salad is the only way this cheese should die
Ова се највредните коментари кои стигнаа до мене после презентацијата на нашето Биено сирење (претставено на Cheese 2019, настан посветен на сирењето од 20-23 септември во Бра, Италија).
Овие коментари ќе не’ поттикнуваат да го унапредуваме брендот на Биеното сирење како наше најавтентично сирење, кое денес се произведува.
Долги години македонските биени сирења биле карактеризирани како пресолени
Годинава произведивме средно солена варијанта од овчо млеко од наштото стадо, но со изразен интензивен вкус и мирис на овчото млеко и пашата од локалното поднебје кое присутните на дегустацијата одлично го прифатија.
Најважното за мене, но и за сите нас е што Биеното сирење е веќе наш препознатлив производ, нешто преку што не’ препознаваат, а некои производители пројавија желба да пробаат да го направат во своите земји.

Македонските сирења, заедно со другите европски сирења, сервирани на „Аперитиво во 5“ © Slow Food Macedonia архива
Многумина бараа производот да се доведе до целосно традиционално производство за да се затвори приказната, од изворните раси овци, преку дивите пасиша, сировото млеко, па се до зреењето во дрвени качиња.
Приказната за биеното сирење е преплетена со македонскиот бит, со македонскиот начин на опстанување. Комплексна содржина која не ве остава рамнодушен.
Како што вели слоганот на Слоу Фуд, храната е идентитет. Биеното сирење е македонскиот идентитет.
Овогодишниот настан CHEESE 2019 имаше слоган ”Природното е возможно” што целосно се совпаѓа со концептот на нашиот производ. Сирењето е тревата на пасиштето, сирењето е расата овци, сирењето е целокупниот тероар на едно поднебје.
Едноставно му благодарам на Слоу Фуд што ја препозна нашата работа и што ни овозможи да се претставиме со нашите изворни овци и изворно сирење на еден таков важен настан посветен на сирењата.
Мартин Трајковски, производител
„Старото огниште“, с.Петралица