Cheese 2021: Размислете за животните!

Ако немаше животни, немаше да има ни сирење, ниту многу други работи. Ова е темата на овогодинешното издание на фестивалот Cheese 2021, кој започнува денес и ќе трае до понеделник 20 септември, под мотото: размислете за животните.

Иако и на претходните изданија се зборувало за животните, но фокусoт бил на благосостојбата на животните, соодветна исхрана на молзните животни и биодиверзитетот на раси.

Од конференциите до работилниците за вкус, животинското царство отсекогаш уживало посебно место. Со ова издание Слоу Фуд  сака да направиме уште еден чекор напред и целиот фокус на ова издание на Cheese 2021 да се врти околу овој централен аргумент.

Размислете за животните: повторно да размислиме за нашиот однос кон природата.

Ова е вистинско време да го направиме тоа. Ако нешто научивме од „Ковид-19“, тоа е дека нашиот однос кон природата мора да се промени. Мораме да се стремиме да воспоставиме поздрава рамнотежа со светот околу нас.

Мораме да научиме да се однесуваме не како да сме сопственици на оваа планета, туку само станари со должност да ги почитуваат нашите соседи, без разлика дали се крави, овци, кози, диви животни, пчели и други опрашувачи, па се до бактерии и микроорганизми.

Cheese 2021 е шанса да се доживее најискрената и највеселата смисла за тоа како може и треба да изгледа нашиот однос кон животинското царство. Таа смисла е содржана во oва издание на Cheese 2021. Ова издание е посветено и на овчарот кој се грижи за нeговото стадо, ги носи на најдобрите пасишта и ги остава слободно да се движат и да ги пасат нивните омилени растенија, кои се природно богати со основни хранливи материи. Кој ги молзе нивните животни и се грижи за нив кога се болни. Кој разбира колку се скапоцени животните за благосостојбата на планетата, како и за радоста која ја содржи сирењето.

Целиот живот на еден овчар се врти околу одгледувањето на животните и живее заедно со нив. Без животните, тие не би можеле да постојат. Но, тоа е нешто што сите ние треба да го правиме, исто така. Од љубов. Од почит. И затоа што нема друг начин за напредок ако сакаме да обезбедиме здрава иднина на оваа планета.

Сирењето Макгн, президиум на Слоу Фуд. Фото кредит: Slow Food Italia

„Размислете дека животните“ е мотото на сите активности на Сирење 2021: од конференции до работилници за вкус и изложбени штандови.

Ќе истражиме еден од најкомплексните и најуспешните аспекти на нашето постоење на оваа планета – нашиот однос кон животинското царство – и ќе ја споделиме целата убавина што произлегува од неа.

Cheese 2021, ќе понуди програма и сирења на 10.000 квадратни метри изложбен простор со 250 изложувачи и 21 компании за зреење на сирење од Белгија, Франција, Германија, Холандија, Португалија, Шпанија, Шведска и Швајцарија, 43 Президиуми на сирења од Италија, Швајцарија и Ирска. Ќе учествуваат и 20 занаетчиски пивари од водичот Slow Beer, а Големата сала на сирењата ќе понуди 60 видови сирења од Италија, Франција, Ирска, Шпанија, Швајцарија, Норвешка и Португалија, додека во винотеката ќе може да се дегустираат 300 етикети на вино.

Во едукативниот дел програмата содржи 28 Работилници за вкус и 7 едукативни работилници за деца. Во Куќата на биодиверзитетот ќе се одржат 8 конференции,  а ќе бидат организирани и 4 гала вечери. Во павилјонот на Универзитетот за гастрономски науки во Поленцо ќе се одржат 25 настани. Дополнително планирани се 70 настани од партнерите на Слоу Фуд како и бројни настани организирани од локалните власти на Бра и регионалните на Пиемонт регионот.

И во услови на пандемија, Слоу Фуд со Cheese 2021 успеа да подготви богата програма во која ќе уживаат бројните посетители и почитувачи на сирењата, нивните производители и домашните животни.

Повеќе за програмата на настанот: https://cheese.slowfood.it/en/