Ден на планетата Земја 2021 година: 6 едноставни начини да се живее поодржливо

Месото во вашите оброци заменете го со мешунки © Slow Food архива

Во чест на Денот на планетата Земја 2021 година Ви споделуваме неколку едноставни начини да се живее повеќе во согласност со мајката природа и филозофијата на Слоу Фуд.

Ајде да почнеме по ред!

1. Намалете ја консумацијата на производи од животинско потекло

Покрај етиката за тоа како се одгледува добитокот, јадењето месо и живина има огромно влијание и врз животната средина. Говедата и другиот добитокот користат големи количини на вода, енергија и земја истовремено додека произведуваат стакленички гасови, кои имаат негативно влијание на климата. Ограничувањето на потрошувачката на месо е лесен начин да се живее поздраво и еколошки поприфатливо.

2. Јадете локална храна

Снабдувањето со храна на локално ниво ја намалува количината на потрошена енергија што се користи во транспортот. Храната честопати патува  илјадници километри додека стигне на трпезата, спакувана во повеќе амбалажни материјали, кои подоцна стануваат отпад. Јадењето локална храна значи дека и вашата храна ќе биде посвежа и хранлива. Ги поддржува и локалните земјоделци! Ова е толку вкусен начин кој влијае и на намалување на емисиите на јаглерод. Не дозволувајте вашата храна да лета од друг континент до вашата трпеза! Јадете здраво и локално!

3. Користете јавен превоз

На кратки релации, зошто да не го „одморите“  автомобилот во корист на пешачење или возење велосипед? Можете исто така да возите со колега за да стигнете на работа или да користите јавен превоз за да ги намалите емисиите на јаглерод и штетното загадување на воздухот. Пешачењето е омилена рекреација на се поголем број на луѓе бидејќи е безбеден и ефикасен начин да стигнете до вашата дестинација, а исто така да бидете во форма!

Продавачите сигурно ќе ве наградат за платнената торба за пазарење која секогаш ја носите кога одите да купувате © Slow Food архива

4. Користете повторно употребливи пакувања

Пластиките за еднократна употреба ги полнат нашите депонии со алармантна брзина. Оваа култура на масовно фрлање на ѓубре треба веднаш да ја промениме! Не одлучувајте се за пластично шише со вода; инвестирајте во шише за вода што може да се користи повеќекратно. Друг одличен начин за намалување на отпадот е да користите преносна шолја за кафе. Заменете ги пластичните кеси со платнена торба за повеќекратна употреба. Се повеќе продавачи, позитивно ќе реагираат на вашиот избор, некогаш и ќе ве наградат што донесовте сопствена торба!

5. Компостирајте и рециклирајте

Ова е веројатно најосновниот совет кој многупати сме го споделиле со вас, но го повторуваме, бидејќи го сметаме за важен. Дали сте помислиле дека фрлање на органскиот отпад ќе може природно да се деградира, но заради начинот на кој се прават депониите, не постои можност природно да се рециклира во почвата. Ова е причината зошто компостирањето е толку битно.

Со рециклирање, го намалувате ѓубрето и ги зачувувате природните ресурси! Исто така ги штити екосистемите и дивиот свет затоа што ја намалува потребата од човекова интервенција за чистење, како разложување на отпадот и неутрализирање на остатоците.

6.Штедете вода

Денес трошиме толку многу вода без да сме свесни за тоа! Кога ќе ја оставиме славината да тече додека миеме заби или миеме садови… Тоа  е еден оптеретување на Земјата поради третманот на вода и поголемата количина на отпадна вода. Можете да заштедите вода во текот на денот, во текот на сите операции кои ги извршувате, внимавајќи на количината на вода што ја користите непотребно.

Се надевамe дека овие совети ќе ве инспирираат да имате прекрасен и одржлив Ден на планетата Земја 2021 година. Би ве замолиле во коментари да ни ги споделите вашите добри практики, така меѓусебно да се едуцираме.