Let it Bee

Сподели

Слоу Фуд фондацијата за биодиверзитет има воспоставено 13 президиуми посветени на пчели на мед и над 80 медови се внесени на Арката на Вкусови. Тера Мадре Салоне дел Густо настанот, кој започнува наредната недела, нуди можност за нивно запознавање, директно во придружба на пчеларите кои ќе ви раскажат за нивните искуства.

За таа цел Слоу Фуд ќе посвети еден цел тематски простор на пчеларството, наречен “Let it Bee“, каде ќе се дискутира за пчелите и медот, но и за војната која се води од страна на пчеларите и земјоделците против “синтетичкото” земјоделство, засновано на хемиските средства, меѓу кои и неоникотиноидите.

Она што е значајно за нас во недела, на 25 септември, во Големата сала во дворот на Ректоратот на универзитетот во Торино, со почеток од 10.00 часот, ќе се случи конференцијата „Медовите од светот“ каде како единствен претставник од Европа, ќе се претстави делегатот од Македонија, Нацо Јовчевски, од президиумот Макби, кој ќе ја претстави асоцијацијата, нивната работа за зачувување и селекција на македонската медоносна пчела (Аpis melifera macedonica) и традиционалното одгледување на пчели во трмка.

Конференцијата, која е насловена “Пчеларство и земјоделство. Oдржливо e доколку има џагорења! ” ќе се одржи во 15 часот попладне. На неа ќе се изложат опасностите од неоникотиноидите за пчелите, кои се од суштинско значење за земјоделското производство, за пчеларскиот сектор, но и за целиот екосистем и сите нас. На конференцијата ќе дискутираат можните решенија и сценарија, како да се планира еден поинаков, вистински одржлив пат, кој во иднина треба да го следат земјоделците.

Во текот на петте дена ќе се одтворат значајни прашања за дебата. Како се практикува пчеларството во целиот свет? Колку пчелите и видовите и подвидовите на пчели се важни насекаде? Која е нивната вредност? Што е урбано пчеларство?

На “Let it Bee” ќе има дегустации на мед, состаноци и конференции, како и тематска изложба курирана од Слоу Фуд и асоцијациите на пчелари УНААПИ и Конапи.

Линк до програмата тука.

Фото кредит © Etienne Bruneau, CARI

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...