Home Новости Во фокусот Mлечно добредојде во Прилеп

Mлечно добредојде во Прилеп

0
Mлечно добредојде во Прилеп

Mлечно добредојде во Прилеп

Млеко 2022 е четвртото издание на овој биенален настан, посветен на автохтоните млекодајни раси на домашни животни и млечни производи  произведувани на семејните фарми, бачила, мандри и мали производства. Тој претставува кулминација на кампањата на Слоу Фуд Македонија за зачувување на биодиверзитетот на млеко и традиционалните млечни производи во Македонија.

Ова издание за првпат се организира во Прилеп, градот со богата традиција на производство и продажба на сирење е домаќин на овој фестивал.

 На 3 септември 2022, во срцето на градот, околу прилепската саат кула, како на дланка ќе ви бидат понудени чудесни бои, мириси и вкусови.

Традиционално, нашите мајстори и мандраџии го „биеле“ млекото за да добијат биено сирење-производ  со кој  сите се насладуваме и се гордееме.

Но, како денес да се произведе вистинско сирење со препознатливиот вкус, а тоа да биде исплатливо и достапно за секого?

 Преку примерот на автентичното биено сирење кое ја отсликува нашата традиција и историја, да ја отвориме дебатата за важните прашања околу иднината на нашето сточарство и млекарство.

Настанот ќе ги собере сточарите, млекарите, мандраџиите, експертите, претставниците на институции, студенти и активисти од здруженија и сите оние што сакаат да им се слушне гласот, да презентираат и да уживаат во веселата дружба  и во различноста на вкусовите.

МЛЕКО 2022 го трансформираме во голем фестивал, отворен за секого, со бројни содржини и интересна понуда:

  • Пазар на сирења, млечни и други производи
  • Панел дискусии
  • Сензорно оценување на биено сирење
  • Изложба „Светот на млекото“
  • Изложба на опрема за млекарство
  • Детско едукативно катче
  • Културно-уметничка програма

Целосната програма на настанот погледнете ја тука.