Home Новости Во фокусот Порака од Слоу Фуд Македонија: Нека 2022 биде година на обнова

Порака од Слоу Фуд Македонија: Нека 2022 биде година на обнова

0
Порака од Слоу Фуд Македонија: Нека 2022 биде година на обнова

Зад нас е уште една предизвикувачка година, минавме низ месеци на несигурност и постојано менување на околностите. Но, нашата мрежа излегува од ова посилна и пообединета од кога било, со нашите локални заедници кои се засилуваат и имаат позитивно влијание.

И додека подготвуваме празничен ручек или вечера, додека сме на трпеза со нашите семејства, да размислуваме за огромната вредност на она што го ставаме во нашите чинии и што претставува тоа во однос на биолошката и културната припадност. Затоа што на крајот тоа е она што не обединува во разликите, со сите други култури во светот; тоа е она што не прави луѓе и ни овозможува да бидеме среќни.

На сите ви благодариме за континуираната поддршка, довербата и силата што ни ја давате  како членови, волонтери и донатори. Само заедно ќе успееме во нашата борба за правото на добра, чиста и правична храна достапна до секого.

Во овие празнични денови сакаме да ги испратиме нашите најдобри желби на сите наши членови и активисти, партнери и пријатели, добронамерници кои не следат, поддржуваат и соработуваат со нас. Нека 2022 биде година на обнова! Да ги обновиме и обединиме сите наши идеи, врски и пријателства во изградба на правичен и одржлив систем на храна.

На сите ви посакуваме среќен и здрав почеток на Новата 2022 година и се надеваме дека ќе го продолжите Вашето патување со нас во дух на радост, емпатија и соработка.

„Нашата храна, наша иднина!“

Весели празници и Среќна Нова 2022 година!

Најдобри желби од целата мрежа на Слоу Фуд Македонија.