Слоу Фуд новогодишен онлајн коктел

„На куќа слама,

во куќа слава

да е жива

домаќинска глава!“

Слоу Фуд семејството годинава помина низ големи премрежја. Но, да ги заборавиме неубавите работи, да ја отвориме нашата домаќинска куќа за сите убави нешта и сите добронамерници.

Да мислиме на убавите дружби и активности, да си посакаме желби една цела „кумова слама“.

Затоа ве покануваме на Слоу Фуд слава во понеделник 28.12 2020 година од  19 часот, на виртуелна дружба со целата заедница, на ZOOM и Facebook.

Добро подгответе се со чаша вино, топла ракија, чај… зависно во што уживате. Да наздравиме за убавите работи кои не поврзуваат. И да си посакаме многу „добра, чиста и правична храна“  за секого во 2021 година.

„Добро здравје!

Добра мисла!

Мир и милост!

Господ од лошо да не чува!

Господ да ни чува седбата!

Дар по полето!

Здравје во стоката!“

Да сме здрави и живи сите. Да живее Слоу Фуд!

„Нашата храна, наша иднина!“