Промовиран водичот Slow Wine 2021 пред Винските витези на Македонија

Нашиот водич Slow Wine 2021 ја продолжува својата турнеја. Во вторникот на 07.12 2021 се случи промоцијата пред винските витези на Македонија во ловечката куќа Камник, Скопје (Слоу Фуд гостилница).

Слоу Фуд со Винските витези споделува заеднички вредности за градење на Македонската винска култура и во оваа прилика заеднички ја споделивме пораката за единство и мудрост преку виното.

Винските витези имаа можност да ги дегустираат вината од винариите препорачани во нашето прво издание на водичот и дадоа мошне позитивни оценки за презентираните вина и поддршка на работата на винарите.

Конзулатот на вински витези на Македонија е основан во 2004 година и е дел на големото семејство на Европските вински витези (Ordo Equestris Vini Europae). Во својата мисија има за цел ширење и поддршка за винската традиција и еногастрономијата со винските витези и сите љубители на виното низ светот.

Иако ова не е прва средба на двете организации, после овој настан се планира поинтензивна соработка на темите вино и гастрономија со цел унапредување и подигнување на културата на храна и вино во Македонија.

Фото галерија од настанот тука.

Фото кредит: Верче Стефановска