Замина тивкиот мудрец

Вчера не напуши еден голем човек, важен за нашата организација, но уште позначаен за народот на Албанија. Редок пример на човек кој зрачеше со неговата енергија и емпатија, визионер кој смело го трасираше патот кон посветла иднина на најкревките заедници од недостапните рурални предели.

Пиер Паоло Амброси беше еден од основачите на Слоу Фуд во Албанија и еден од клучните лидери во развојот на мрежата на Слоу Фуд на Балканот во последните 10 години. Беше највозрасен и најискусен, но најтивок и најтрпелив. Знаеше да ислуша, разбере и да превземе акција.

Секогаш расположен да ги ислуша мислењата и проблемите на оние на кои најмногу им беше потребна поддршка, на малите производители во руралните средини. Неговата посветеност, скромност и лидерство во многу наврати беа видливи без тој тоа да го истакне. Делата зборуваа за него.

Заедно со група на млади готвачи ја основа Алијансата на готвачи, кои ја реставрираа традиционалната кујна во модерна гастрономска понуда која ја постави Албанија на светската гастрономска мапа.

Организацијата на Тера Мадре 20216 во Тирана, Албанија е пример за тоа, ќе остане запаметен како најголем организиран настан досега  на мрежата на Слоу Фуд на Балканот под негово водство.

Беше голем пријател на Слоу Фуд Македонија од самите почетоци, не го криеше задоволството кога соработуваше со нашата мрежа, сакаше да разменува искуства и да учи од нас, како од поискусна организација и секогаш тоа да им го потенцира на своите колеги, меѓу кои уживаше посебна почит.

Од Пиер Паоло учевме и треба сите да учиме за начинот на кој делуваше. Мостовите кои ги градеше се пример за сите нас, неговите помлади колеги.

Пријателе ни остави голем аманет!

Збогум и благодарност за се што направи.

Колегите од Слоу Фуд Македонија