Започнува Трпеза Филм Фестивал 2015

НовостиБавни вестиЗапочнува Трпеза Филм Фестивал 2015

Сподели

Второто издание на фестивалот за филмови за храна, се одржува заедно со овогодинешната прослава на Тера Мадре денот, кој Слоу Фуд го слави ширум светот, меѓу локалните заедници.

Симболиката на овој ден каде што сите производители, активисти на Слоу Фуд, експерти, готвачи, се собираат заедно,  е културен настан и шанса за размена на идеи и ставови. Производството и подготовката,  но пред се ужувањето во неа има посебна општествена и социјална вредност, а собирањето околу ТРПЕЗАТА од дамнина претставува  врвен семеен културен настан и прилика за размена на идеи и ставови што е добра храна.

Постојат толку многу приказни за храната да се раскажат преку филмот, а истовремено храната раскажува многу за нас и опшеството. Речиси да нема филм во кој не се појавува во кадар, но ретки се филмовите во кои храната ја игра главната улога или недоволно ја познаваме филмската уметност…

Затоа и на ова второ издание на Трпеза филм  фестивал (ТФФ) на проекциите,  дебатите и дегустациите кои се предвидени во програмата ќе се дискутира за  уништувањето на биодиверзитетот и животната средина,  губењето на пчелите и локалните семиња, глобализацијата на производството и пазарот на вино, здравствените проблеми на консументите,  злоупотреба на животните и нерамноправниот пристап на глобалниот пазар.

Целта на ТФФ е едноставна: едукација на луѓето преку филмот за храна, да почнат да размислуваат многу посуштински за храната и изборите кои секојдневно ги прават за себе, но и за планетата.

Секој од нас, секојдневно на трпезата има можност да избере со вилјушката која храна ќе ја консумира, а со секој избор што го прави, што може да учествува во промените кои треба да ни се случат.

Слоу Фуд верува дека изградбата на одржливиот систем на храна може да се постигне преку јакнење на свеста на секој од нас и на овој начин ќе може да се намалат сиромаштијата и гладот, да се подобри здравјето на популацијата и да се придонесе за почистата животна средина и повеќе вкусна храна.

Разновидната програма на фестивалот покрај проекции на филмови ќе понуди и музика. Успешниот концепт на After Film Party од првото издание, овој пат ќе се случува во старата чаршија, во Бар Чаршија, на 10.12 2015, од 22 часот, каде за музиката ќе биде задолжен Dj Shishman.

Организатори на овој фестивал се Слоу Фуд Битола и Слоу Фуд Млади Македонија.

  • Програмата на ТФФ 2015 тука.
  • Повеќе за филмовите кои ќе се прикажат на ТФФ 2015 тука.
  • Повеќе за програмата и настаните на фестивалот, следете на страницата на фестивалот на Facebook.

 

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...