Како Делуваме
Слоу Фуд Македонија делува преку едукација, заштита на биодиверзитетот, застапување и активирање на заедниците со цел да создаде подобар и поодржлив систем на храна. Преку локални иницијативи, настани и кампањи ги поврзуваме луѓето, производителите и традицијата.
Слоу Фуд Македонија делува таму каде што храната се одгледува, се готви и се споделува. Ги заштитуваме автохтоните сорти, раси и традиционалните производи, учиме за храната што секојдневно ја јадеме и се залагаме за праведен систем на храна, заедно со нашите конвивиуми, локалните производители и заедниците ширум земјата.
Наши приоритети се
Нашата работа се темели на промовирање на храна која е добра, чиста и правична за сите. Преку различни програми и активности, работиме на зачувување на локалниот биодиверзитет, поддршка на традиционалните производи и едукација за одржливи навики во исхраната. Организираме настани, работилници, пазари, кампањи и иницијативи кои ги поврзуваат локалните производители со заедницата и поттикнуваат посвесен однос кон храната. Активно соработуваме со институции, организации и граѓани со цел да придонесеме кон позитивни промени во системот на храна и земјоделство. Преку нашите конвивиуми, публикации и јавни активности, создаваме простор за споделување знаење, култура и локални приказни за храната во Македонија.


