Гастрономската приказна Тера Мадре Кујна 2018 во Торино збогатена со македонската кујна

НовостиБавни вестиГастрономската приказна Тера Мадре Кујна 2018 во Торино збогатена со македонската кујна

Сподели

Алијансата на готвачи – проект кој во рамките на Слоу Фуд Македонија е во зачеток, блесна во полн сјај на овогодишната Тера Мадре Кујна, презентирана од шеф Зоран Мајновски и неговиот тим.
Несебично и со голема колегијалност асистираа Маре Јаневска, Орце Трајковски и нашите млади членови на алијансата Даниела Лазаревска и Симона Илковска.

Подгтовките за претставувањето на Тера Мадре Кујна 2018 беа во согласност со филозофијата на Слоу Фуд. Мени кое на најдобар начин ја претставува македонската традиционална кујна со намирници од локалните производители и президиумите на Слоу Фуд Македонија.
Тетовско гравче, тава месо со праз и суви пиперки, ајварчето на Весна и сирењето на Скендер. Урда со пиперки, сервирани на парчиња краставици. Праз полнет со месо.
Сето тоа стокмено во една прекрасна композиција.

Убаво за око како прво сетило, па мирис на кој не можеа да одолеат посетителите и на крај вкус за кој не треба да се говори се гледа од ликовите на гостите кои дегустираа.
Паралелно се претставуваа четири гастрономски култури, македонска, американската, мексиканска и словачка. Не претерувам кога ќе кажам дека се бараше карта повеќе за да се дојде до македонската порција за која презентерката најавуваше “комплексна чинија koja опива со својот мирис и изглед”

Подготовките во кујната почнаа во 8 часот утрото, а презентацијата највена за 12часот. Се беше навреме реализирано. Предвидено време на презентација за секоја кујна два часа.
Продажбата започна точно на време, но заврши за само еден час. Убаво беше да присуствуваш и од страна да гледаш задоволни лица од цел свет.

Текст: Василка Стефановска
Фото кредит © Slow Food Macedonia архива

best porn telegram ✓ Join 31+ Top Adult Channels Now!

Best porn telegram offers easy access to top adult channels. Join now for ✓ diverse content, ➔ high-quality clips, and ★ exciting updates!

Office 13 Activator ✓ Activate Full Features Today for Microsoft Office 2013

Office 13 activator ✓ Activate Microsoft Office 2013 products fast ➤ Use KMS or scripts for easy activation on Windows 10 ★ Download now for quick setup

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...