Национален совет:
Националниот совет (НС ) е орган на Националната организација Слоу Фуд Македонија, кој го врши стратешкото планирање и има задача да ги спроведува насоките утврдени од Националниот конгрес. НС врши контрола на спроведувањето и почитувањето на Статутот на Слоу Фуд Македонија, правилниците и деловниците за работа и надзор на финансиското и материјалното работење на органите и телата на Слоу Фуд Македонија и на конвивиумите. (член 14, 15 и 16, Статут на СФМК).
Страшко Милошевски
Слоу Фуд Осогово
преседавач на Националниот совет
Aктер во пензија, страстен планинар, производител и хедонист, основач на конвивиумот Слоу Фуд Осогово
Антигона Костадинова
Слоу Фуд Гевгелија
член
Професор по биологија, граѓански активист во повеќе иницијативи во Гевгелија. Координатор на Президиумот на слатко од диви смокви. Организатор на Смоквијада.
Нако Кимов
Слоу Фуд Валандово
член
Професор но лозарство и винарство, граѓански активист. Иницијатор на повеќе едукативни и иновативни проекти и производител.
Оливера Стефановска
Слоу Фуд Богданци
член
Историчар на уметност иницијатор за воспоставување на првите конвивиуми во Југоистиониот дел на Македонија и иницијатор за воспоставувањето на Президиумот на слатко од диви смокви
Илинка Веселиновиќ
Слоу Фуд Дојран
член
Готвач и угостител во Стар Дојран, рибар и познавач на гастрономските традиции во Дојран и основач на Слоу Фуд Дојран и иницијатор за воспоставувањето на Президиумот на слатко од диви смокви
Игор Поповски
Слоу Фуд Битола
член
Фармер и производител на сирење, граѓански активист во повеќе иницијативи во Битола. Еден од првите учесници во кампањата за зачувување на биодиверзитетот на млеко на Слоу Фуд и производството на традиционални сирења
Тодорка Наумоска Димески
Слоу Фуд Прилеп
член
Нутриционист и блогер за храна, граѓански активист во Прилеп, основач на „Прилеп на точак“ едукатор на деца за храна
Билјана Митревска
Слоу Фуд Млади Македонија
член
Магистер за квалитет на храна, активист за храна, лидер на Слоу Фуд Млади Македонија, иницијатор на повеќе активности и координатор на кампањата „Храна за промени“