Home За нас Историјат

Историјат

[td_block_text_with_title custom_title=””]

Историјат

Идејата за Слоу Фуд е зачната во 1986 како еден вид на отпор на група луѓе против отворањето на МекДоналдс во близина на Шпанските Скали (Piazza di Spagna) во Рим. Групата предводена од Карло Петрини, новинар и публицист за храна,  застанувајќи на другата страна од плоштадот, симболично го   отпочнува меѓународно движење, кое потоа ќе се спротивставува на се она што се нарекува фаст фуд и глобализација.

Хронолошки развој на организацијата:

1986 – Арчигола (Arcigola) асоцијација формирана во областа Лангже, Пиедмонт, Италија.

1988 – Прв национален Конгрес на Арчигола одржан во Сиена.

1989 – Основано е меѓународното движење Слоу Фуд со потпишување на Манифестот на Слоу Фуд во Опера Комике во Париз, од страна на присутните делегати од 15 држави

1990 – Прв интернационален Слоу Фуд Конгрес, одржан во Венеција. Објавување на водичот „Osterie d’Italia“ кој го одбележува почетокот на издаваштвото на Слоу Фуд.

1992 – Слоу Фуд Германија отвора национална канцеларија во Зулинген.

1993 – Слоу Фуд Швајцарија отвора национална канцеларија во Цирих.

1994 – Слоу Фуд го организира Милано Голоса, како проба за  Салонот на Вкусот.

1996 – Првиот број на Slow, Магазин за Вкус и Култура, Слоу Фуд интернационалниот магазин се печати на италијански, англиски и германски. Слоу Фуд го одржува првиот експериментален Салон на Вкусот во Торино, каде го презентираат проектот Арка на Вкусови.

1997 – „Dire fare gustare“ конференција која го одбележува почетокот на проектот на Слоу Фуд за едукација на вкусови. Се организира Сирење! – првата интернационална млечна изложба одржана во Бра. Втор интернационален Конгрес на Слоу Фуд одржан во Орвието.

1998 – Формирана е компанијата „Agenzia di Pollenzo“ со цел да се реконструира поранешната резиденција Савој во Поленцо (Бра) во Универзитет за Гастрономски Науки, хотел, ресторан и Винарска Банка. Одржан е вториот Салон на Вкусот во Торино.

1999 – Започна кампања за собирање на потписи во одбрана на Италијанското наследство на храна и вино и воедно се бара ревизија на Европските HACCP прописи. Концептот на Слоу Фуд  како еко-гастрономско движење е воведено на Конгресот на Слоу Фуд одржан во Австралија.

2000 – Започнува проектот Президиум. Слоу Фуд САД се основа со главна канцеларија во Њујорк. За прв пат во Болоња се одржаа Слоу Фуд награди за зачувување на Биодиверзитетот. Се одржа третиот Салон на Вкусот во Торино.

2001 –  Нови Слоу Фуд веб страни: www.slowfood.it на италијански јазик и www.slowfood.com на англиски јазик. Започнува кампањата „No GM Wine“ која е против комерцијализацијата на мешани вина во Европа. Изготвен е Манифестот за одбрана на сирењата од сурово млеко. Започнува нов образовен проект за возрасни, Мајстор за храна. Вторите Слоу Фуд награди се презентирани во Порто.

2002 – Третите Слоу Фуд награди и четвртиот Салон на Вкусот се одржани во Торино. Презентирани се првите 30 меѓународни президиуми.

2003 – Се формира фондацијата Слоу Фуд за Биодиверзитет со цел да се подржат наградите на Слоу Фуд, Президиумите и Акрата на Вкусови. Одржан е првиот конгрес на Слоу Фуд Франција во Перпигнан. Се отвора канцеларија во Монпелие. За прв пат се одржува биенален состанок на светските терори, организирана од Слоу Фуд Франција. Четвртите Слоу Фуд награди се презентирани во Наполи во склоп на интернационалниот Слоу Фуд Конгрес.

2004 – ФАО (Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации) официјално ја признава Слоу Фуд како непрофитна организација и договара соработка. Се отвораат обновената Agenzia di Pollenzo и Универзитетот за Гастрономски науки. Дебитира Слоу Фиш – изложба во Џенова посветена на одржливиот риболов и морска храна. Слоу Фуд Јапонија се отвора со конгресот во Јуфурин. Се отвара и канцеларија во Сендаи. Италијанското министерство за универзитети и научни истражувања официјално го призна Универзитетот за Гастрономски науки. Петтиот Салон на Вкусот се одржа во Торино, во придружба на првиот  Тера Мадре светски состанок на храна – заедниците. Карло Петрини е именуван за „Европски херој“ од Тајм магазинот.

2005 – Генерално собрание на италијански президиуми во Сицилија. Минаш Жераис конвивиумот го организира првиот Salão das Comunidades do Alimento во Бразил.

2006 – Слоу Фуд го слави својот 20ти роденден на шестиот Италијански национален конгрес на Слоу Фуд. Слоу Фуд САД поставува Тера Мадре фонд за помош на заедниците на храна погодени од ураганот „Катрина“ во Луизијана. Слоу Фуд Велика Британија отвара национална канцеларија во Ладлоу. Одржани се шестиот Салон на Вкусот и вториот Тера Мадре во Торино.

2007 – Vignerons d’Europe – состанок на 600 лозари, организиран од Слоу Фуд Франција. Прв национален Слоу Фуд ден одржан во Франција. Во Минберг, Германија се одржа  Слоу Биер и Слоу Фуд изложба, Германски Салон на Вкусот се одржаа во Штутгарт. Слоу Фиш се одржа по трет пат во Џенова. Фестивалот Сирење! се одржа по шести пат во Бра. Тера Мадре Бразил се одржа за прв пат во Бразилија. Петтиот меѓународен Конгрес на Слоу Фуд се одржа во Пуебла, Мексико. Салонот на Вкусот послужи како инспирација за саемот за храна Алгусто кој се одржа во Билбао, Шпанија.

2008 – Карло Петрини е именуван за еден од „50те личности кои би можеле да ја спасат планетата“ од страна на Британскиот весник Гардиан. Седмиот Салон на Вкусот и третата Тера Мадре конференција се одржани во Торино.

2009 – Слоу Фиш се одржа по четврти пат во Џенова. Фестивалот Сирење! се одржа по седми пат во Бра. Бројни локални фестивали и манифестации се одржуваат низ светот каде се промовира локалната храна. Се започнува со прославување на Денот на Мајката Земја (Terra Madre Day) на 10-ти декември, по повод 20 годишнината од потпишувањето на Манифестото на Слоу Фуд

2010 – Карло Петрини e повикан да учествува во работата на Комисијата за земјоделска политика на Европската Комисија. Голем број на активности низ светот,  осмиот Салон на Вкусот и четвртата Тера Мадре конференција се одржани во Торино. Се одржува првата Тера Мадре Балкан конференција на заедниците на храна, експертите за храна и активистите на Слоу Фуд од балканските земји

2011 – Кампањата Бавна Европа е започната со повик до европските политики кои промовираат одржливост, заштита на биодиверзитетот и ги подржуваат малите фармери.

Шалак кајсијата стана 1000 производ кој се вклучи во Арката на Вкусови.

Локалните заедници  од целиот свет се собраа заедно на првото издание на Локалниот настан на Тера Мадре кое се одржа во Јокмок Шведска.

Регионалниот настан на Тера Мадре се одржа во Ерменија, Австрија, јужна Кореа,  Крим, Јапонија, Русија и Швајцарија.

2012 – Претседателот на Слоу Фуд Карло Петрини се обрати на Форумот за домородни прашања во ОН во Њујорк.

Карло Петрини зборува за “Глобалната  безбедност на храната и Дијалог за исхраната (Дијалог исхрана)” на Конференцијата на ОН за одржлив развој Рио+20.

Слоу Фуд соработува (се соединува) со други невладини организации и организации со кампањи за подобра Заедничка земјоделска  политика(ЗЗП).

Маршот за добра храна ги носи земјоделците, граѓаните и младите во Брисел каде Карло Петрини ги презентира нивните барања до Европскиот Парламент.

Салон Дел Густо и Тера Мадре, обединети на еден настан за прв пат, пристигнаа 220,000 посетители во Торино.

На шестиот интернационален конгрес на Слоу Фуд во Торино, присуствуваа  650 делегати од 95 земји каде го одобрија новиот водич-документ  за политиката на Централната Улога на Храната.

2013 – ЕССЕДРА (Еколошки Одржлив Социо-Економски Развој во Руралните Средини) проектот е поставен на сајтот за биодиверизтет на храна на Балканот.

Ацио Густо, настан кој ги обединува мрежите на Слоу Фуд Азија и Океанија, за прв се одржа во Намјанги, Јужна Кореа.

Карло Петрини ја доби највисоката награда за животната средина на Обединетите нации (шампиони на земјата)

2014 – Во мај, издавачката куќа на Слоу Фуд започна со издавање на новата публикација  Slow Wine Magazine, промовирана е новата национална организација  Слоу Фуд Кореја. Во јуни Слоу Фуд Америка го организираше првото издание на Slow Meat во Денвер, Колорадо. На 29 септември Слоу Фуд на Универзитетот за гастрономски науки во Полензо беше домаќин на неформалниот состанок на Министрите за замјоделство и рибарство . Во октомври се одржа  десеттото издание на Салоне дел  Густо и десет години на Тера Мадре мрежата.  Програмата за храна на ББЦ беше медиумски партнер на проектот Арка на вкусови, кој беше тема на двата настани. На 10 декември Слоу Фуд го прослави својот 25ти роденден.

[/td_block_text_with_title]