Home Климатски промени Што правиме ние

Што правиме ние

[td_block_text_with_title custom_title=””]

ЗОШТО ДА ЈА ПОДДРЖЕТЕ Слоу Фуд?

Познавањето на нашата храна не е само прашање на вкус. Секој избор е декларација за намери, и политички чин.

Повеќе од триесет години, Слоу Фуд соработува со фармерите, овчарите, рибарите, винарите, вработените во рестораните и едукаторите за промоција на здравите локални економии, заштита на нашите екосистеми и огромното наследство на биолошката разновидност што ја содржи нашата храна.

Да се спротивставиме на пазарот мотивиран од профитот кој покажува неправда и ја уништува нашата планета.

Тоа е она што ние го работиме секој ден

Парите што ќе ги донирате ќе се користат за да се продолжи со таа борба.

Нашиот проект за заштита на планетата.

Ние го поддржуваме производството на храна во мал обем, традиционалното знаење и локалните економии.

Слоу Фуд нуди позитивни решенија за климатските промени.

This image has an empty alt attribute; its file name is Vastedda-slowfood-725x484-1.jpg

Слоу Фуд промовира:

Примена на агреоколошки практики кои ги избегнуваат пестицидите, хербицидите и хемиските ѓубрива, како и употребата на алтернативни обновливи извори за производството на енергија.

Крај на интензивните методи на производството.

Важно е да се намали потрошувачката на месо и да се поддржува земјоделство од мал или среден обем) како и екстензивно одгледување – на паша, за благосостојба на животните Одгледувањето на локални растителни видови и раси на животни кои се поотпорни и прилагодливи на различни среднина,( опкружување).

Отфрлање од употреба на генетски модифицирани култури (ГМО).

Традиционално знаење: негово зачувување, пренос и примена во областа.

Пократки вредносни синџири кои овозможуваат драстично намалување на емисиите и решенијата кои воспоставуваат директна врска помеѓу производителите и потрошувачите.

This image has an empty alt attribute; its file name is agricoltura_campi_fieno-725x444-1.jpg

[/td_block_text_with_title]