Манифест

[td_block_text_with_title custom_title=””]

Манифестот е донесен со цел да се заштитат малите производители и дистрибутери на добрата храна, од преплавувањето на пазарот со производи кои се дел од глобалната индустриска стандардизација, да се обезбеди опстанок на загрозените животински раси, разни сирења, растенија кои се консумираат како природни така и подготвени на различен начин, и овошјето, спротивставување на строгиот “хигиенски“ режим за производстсво преку кој што се уништува специфичниот концепт на традиционалното прозводтсво, и пред се заштита и озвозможување на правото секој поединец да ужива во добрата и квалитетна храна.

Како гласноговорници и поддржувачи на културата, храната, винската индустрија, разните научни истражувања, слободното новинарство, политиката и институционализмот, се надеваме дека ќе убедиме што поголем број на истомисленици да ни се придружат во извршувањето на заедничките цели.
Како одговор на алармантниот повик на сите членови на Слоу Фуд, се лансира Арката на вкусови за заштита на светот на вкусовите.

Денес благодарение на поддршката од бројните истомисленици кои се дел од различна глобална и светска општествена структура, оваа идеа за заштита на богатиот свет на вкусови се претвори во реализиран проект насочен на промоција и заштита на малите прозиводители на добра храна, на кои што им се заканува опасност од исчезнување. Овој проект се базира истовремено како на научниот така и на промотивниот аспект на проблемот.

Од научен аспект ние превземаме обврска да:

• дефинираме методи и критериуми за истражување, особено во насока на конципирањето на самиот поим гастрономска вредност, типизација и традиционално обележје на загрозените производи
• создавање на етно – ботаничка и историска категоризација на различните сорти, локалните раси и производи, како мерка за препознавање на тоа што е типично и традиционално
• промоција на научните трудови на експерти од различни области, на национално ниво
• формирање на мрежни “банки” на податоци кои што ќе бидат управувани од централно тело, и ќе се базираат на размена и обезбедување на информации за различни видови на сорти, семиња, производи, научни истражувања, рецепти, производители, ресторани и т.н.

Од промотивен аспект ние превземаме обврска за:

• создавање на листа на производи на кои што им се заканува опасност од исчезнување, достапна за јавноста, и со симболичка вредност, така што борбата за нивно зачувување ќе има незапирлив карактер
• органолпетичка анализа за секој производ кој што ќе се најде на листата, притоа обезбедување на податоци за производителите, и изготвување специјална публикација и реклама која што ќе се прати во масовниот медиумски етер, при што концептот на заштита би имал и економска придобивка
• одржување на повеќе саеми со дегустативен карактер, на кои потрошувачите би се запознале подобро со потеклото, начинот на подготовка како и со самите производители на различните производи, со што како резултат на повоторното ре-откривање на заборавените вкусови би се намалила опасноста од нивното целосно исчезнување
• оддавање на посебно признание на рестораните и гостилниците кои за подготовка на секојдневното мени користат автохтоно регионални намирници, и кои би биле еден вид на регионални промотери на Аркините производи
• имплементација на пилот проект во блиска иднина на регионално и суб-регионално ниво, преку кој што ќе се проверат спроведените методи, процедури и предвидените рокови за нивна имплементација, при што би се олеснала целокупната реализација на главниот прокет
• промовирање на проекти насочени кон едукација на вкусот кај младите уште од најрана училишна возраст со цел да дојде до подобрување на нивните органолпетички способности, со што би било олеснато препознавањето на вистински квалитетните производи
• поттикнување на националните институции за заштита на производи со голема гастрономска вредност и се во опасност од исчезнување
• здружување на повеќе слични Европски проекти, како еден вид офанзива на растечкиот глобализам и стандардизација на пазарите, со цел интернационализација и фунционализација на зацртаниот проект за заштита на квалитетната и традиционална храна ширум светот.

[/td_block_text_with_title]