Национален одбор:

Националниот одбор (НО) е управен и извршен орган на организацијата и ги спроведува одлуките на  Националниот конгрес, кој го врши изборот. Во неговиот состав влегуваат членови на Слоу Фуд, со неспорни  заслуги и докажан придонес во градењето и работата на организацијата. Националниот одбор избира Претседател кој е формален и правен застапник на организацијата, еден од  избраните членови на Националниот одбор.  (член 19 Статут на СФМК)

Николче Николовски

претседател

Технолог за храна, член на Слоу Фуд од 2009 година, основач на Слоу Фуд Шарпланинска, основач на Слоу Фуд Битола во 2011 година. Координатор на президиумот Маврово-река, национален координатор на мрежата на Слоу Фуд во Македонија од 2012-2018 година. Организатор на македонските делегации на настаните Тера Мадре во Торино и Cheese во Италија,  Тера Мадре Балкан, координатор на првото издание на Тера Мадре Македонија. Координатор на процес на стратешко планирање во рамки на мрежа на Слоу Фуд во Македонија. Координатор на иницијативниот одбор за основање на Националната организација. Уредник и соработник на повеќе изданија на Слоу Фуд Македонија.

Василка Стефановска

член

Професор во пензија, член на Слоу Фуд од 2009 година, основач на конвивиумот Слоу Фуд Водно. Иницијатор на првата училишна едукативна програма „Слоу Фуд во кантина“, координатор на проектот и кампања „Училишни градини“. Уредник и соработник во подготовка и адаптација на неколку едукативни прирачници на македонски јазик,  иницијатор на формирање на Слоу Фуд Млади Македонија. Иницијатор и координатор на Слоу Фуд Алијанса на готвачи во Македонија

Д-р Соња Србиновска

член

Универзитетски професор, вклучена во активностите на Слоу Фуд од 2009 година, техничка поддршка на президиумите Маврово-река, иницијатор на кампањата за сурово млеко. координатор на апликации за Арка на вкусови, стручен соработник и автор на повеќе прирачници, учесник на повеќе конференции за презентација на работата на Слоу Фуд во Македонија и други земји, експерт на Слоу Фуд фондација за биодиверзитет.

Слободен Чокревски

член

Универзитетски предавач, член на Слоу Фуд од 2008 година, основач на првиот конвивиум Слоу Фуд Скопје, координатор и организатор на курс за познавачи на вино, организатор на првите Слоу Фуд Мастер курсеви, организатор на работилници  за вкусови. Поддржувач на основање и градење на капацитетите на Слоу Фуд Млади Македонија

Mикеле Румиц

член

Вработен во Слоу Фуд Интернационал од 2008 година. Директор на Слоу Фуд Травел,  Поранешен програмски директор за Балканот, Источна Европа и Блискиот исток. Еден од иницијаторите на Тера Мадре Балкан – првата регионална мрежа на заедници за храна во Југоисточна Европа.

E-маил: m.rumiz@slowfood.it  Skype: michelerumiz телефон: +39 345 0272014