Зачувувањето на семињата е политички акт

НовостиЗачувувањето на семињата е политички акт

Сподели

„Семето посадено во почвата не прави едно со Земјата.Тоа не прави да сфатиме дека ние сме Земјата.“

Образувана во полето на физиката и филозофијата, Вандана Шива е позната по нејзиниот активизам против ГМО, глобализацијата, патентите за семиња и традиционалната храна. Таа е ко-основач на oрганизацијата „Навдања“ ( Navdanya), која што го промовира зачувувањето на семињата и органското земјоделство и има повеќе од 70.000 земјоделци како членови.


Сара ван Гелдер: Семињата се главна тема во вашата работа. Можете ли да кажете нешто малку повеќе за суштината на семето?
Вандана Шива: Семето во суштина ја претставува целата еволуција на Земјата во минатото, еволуцијата на човечката историја и претставува потенцијал за идната еволуција.Семето е олицетворение на културата, бидејќи културата го обликувала семето со внимателна селекција-жените ги избраа најдобрите, разновидните. Значи од едно растение добивате 200.000 ориз.
Тоа е стремеж на човечката интелигенција и интелигенција на природата. Тоа е крајниот израз на животот и во нашиот јазик значи:
“тоа што од чиј живот произлегува само по себе секогаш и засекогаш.“

Сара ван Гелдер: Значи што вреди?
Вандана Шива: Тоа е бесценето. Не постои цена за семето, затоа што комодификацијата на семето е таков бес. Секоја култура на која наидов верува дека уништувањето на семето е последниот грев. Заедниците започнуваат да умираат од глад наместо да јадат од семињата.

Сара ван Гелдер: Преовладува поглед на светот кој ги одделува луѓето од природниот свет и тоа има ужасни ефекти. Како луѓето се справуваат со ова одделување и како семињата се дел од таа работа?
Вандана Шива: Без разлика на кој проблем гледате, секој еколошки проблем доаѓа од оваа илузија со која сме одделени од природата.
Верувам дека надминувањето на поделбата е копнеж многу подлабок од неодамнешниот пораст на еколошката свест. Лечењето доаѓа од враќањето на нашето единство со мрежата на животот, со самиот универзум.

Некои луѓе го прават тоа преку медитација и јога, но повеќето го прават тоа само со садење на семиња и одгледување на градина. Во садењето на семиња вие сте во циклусот и регенеративниот капацитет на животот. Ние ја слушаме истата работа повторно и повторно од децата со кои ние работиме и сееме градини од надеж со семиња на слободата. Кога ќе прашате, “Па, што научивте?“ тие секогаш зборуваат за чудото на животот- дека едно мало семе прераснува во растение и дава изобилство, и потоа тие можат да берат семе од него.
Посаденото семе во почвата не прави едно со земјата. Тоа не прави да сфатиме дека ние сме земјата. Дека нашето тело е “panchabhuta“- петте елементи кој го прават универзумот и ги прават нашите тела. Едноставниот чин на сеење на семето, зачувување на семето, засадување на семето, берба на културите за семиња го враќа назад сеќавањето- ова безвременско сеќавање на нашето единство со Земјата и креативниот универзум.

Нема ништо повеќе што ми прави поголема радост од работата за заштита на разновидноста и слободата на семето. Секој израз на разновидноста е израз на слобода и секој израз на монокултурата е израз на принуда.

Сара ван Гелдер: Можете ли да кажете повеќе за тоа? Која е врската на слободата со биодиверзитетот?
Вандана Шива: Животот е само-организиран. Само-организираните системи еволуираат во разновидност. Вие не сте идентични со мене, затоа што секој од нас еволуирал во слобода. Капацитетот за само-организирање на животот е изразен во разновидност. Разновидноста на културите, разновидноста на луѓето и разновидноста на семињата.
Униформираноста е изградена од надвор. Тоа е принудно. Значи, фарма засадена само со „Раундап реди“ сојата е всушност бојно поле. Се случува хемиска војна- со прскање на „Раундап“ за да се убие се што е зелено, да се убијат организмите на почвата, да се убие разновидноста, но истотака да се убие потенцијалот на културите, да успеат сами да се справат со болести.
Монокултурите можат да се одржуваат заедно само низ надворешна контрола, а униформираноста, надворешната контрола и концентрацијата одат рака под рака.

Сара ван Гелдер: Дали ние луѓето сме доволно силни за да се спротиставиме на огромната моќ на Монсанто и сличните?
Вандана Шива: Ние се справуваме со самиот живот, па на прво место за да добиеме моќ е да се усогласиме со силите на животот. Поради тоа чинот на зачувување на семињата е толку важен политички акт во ова време. И тоа е оној дел кој што е поврзан со само-организирање- организирање на себе си за зачувување на семето, да имаш заедничка градина, да создадеш размена, да направиш се што е потребно за да го заштитиш и да го подмладиш семето. Но во овај момент, индустријата е гладна за да ја има целосната контрола. Тие нема да толерираат ниту еден земјоделец кој има слобода при неговото снабдување со семе. Тие нема да застанат зад ниту едно семе кое расти по сопствените услови.

Сара ван Гелдер: Ако ништо друго, работите станаа пострашни од минатиот пат кога зборувавме. Како добивате енергија и го одржувате вашиот дух?
Вандана Шива: Знаете дека е вистина дека во една рака концентрацијата на моќ е поголема од кога било досега. Но, јас мислам дека свеста за незаконитоста на оваа моќ е исто така поголема од кога било досега. Ако ги земете во предвид бројот на движења, бројот на протести што се случуваат и бројот на луѓе кои градат алтернативи, тие се огромни.
Првото место каде што добивам радост, како и енергија за продолжување е позитивната работа од зачувувањето на семињата, промовирање на мирно земјоделство, работа со земјоделци, а сега се повеќе се работи со не- земјоделци. Во правецот во кој работиме на фармата, сега имаме 55 млади луѓе- некои од банкарскиот систем, некои од софтверска фирма, три филмски работници.
Без разлика каде и да сте во светот, луѓето сфаќаат дека храната е важна. Нивното сфаќање за храната започнува со семињата и сите сакаат да научат. Кога ги гледам овие процеси како се ослободуваат, кога гледам како брзо градинарството стана важен начин на лечење на насилството- само што запознав млад човек кои што работи со бивши осуденици за да шири градини. Тоа е неговата работа. Тој создаде фирма, тие се сопственици и членови на одборот- како да не бидеш полн со енергија?

Интервју на Сара ван Гелдер oбјавено во YЕЅ! Magazine
Превод: Валентина Стаменковска
Фото кредит © Paul Dunn за YES! Magazine

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...