Вкусни и крцкави компири во рерна со биено сирење се одличен додаток на било кое месо или можете да ги послужите како самостојно јадење. Едноставен рецепт и вкусна примена на биеното сирење.
Да внесиме малку иновација во македонската гастрономија.
Потребни состојки:
-600 г. помали компири
-3 лажици маслиново масло
-80 г. биено сирење, крупно изрендано
-1 кафена лажичка буковска толчена пипер
-млад кромид, исечкан на кругови
-1 кафена лажичка сушен лук
-сол и бибер
Начин на подготовка:
Компирите измиени излупете ги и ставете ги во подлабок сад. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200C степени. Во мал сад помешајте ги зачините и биеното сирење. Компирите попрскајте ги со маслиновото масло и промешајте ги. Потоа врз нив ставете ја смесата со биено сирење и зачини. Добро измешајте ги компирите во смесата со зачини и биеното сирење. Вака подготвени, ставете ги во тавче за печење, обложено со хартија за печење, во еден слој, за да се испечат рамномерно и еднакво. Врз нив наросете од кругчињата кромид, по желба. Печете во загреаната рерна околу 30 до 35 минути, додека станат меки и запечени со црвена коричка на површината.
Добар апетит!