Полнети пиперки со домати и сирење

Слоу Фуд кујнаПолнети пиперки со домати и сирење

Сподели

Ова е сезона на полнет зеленчук. Модар патлиџан со зачинет кромид; тиквички со трошки и биено сирење и се разбира, класиката: полнети пиперки со мелено месо.
Но во оваа пригода, ви презентираме еден малку поинаков вкус на полнети пиперки.

Состојки:
• 4 големи пиперки – бабури
• 350 грама домати
• 200 грама кравјо сирење
• 16 маслинки
• 4 лажици маслиново масло
• 4 листови свеж босилек
• бибер

Подготовка:
Преполовете ги пиперките, надолжно да се добијат форми на чунови, отстранете ги сите стебленца, јадра или семиња од внатрешноста. Поставете ги пресечените пиперки во сад за печење.

Исечете ги доматите на парчиња. Сирењето истотака исечете го на коцки. Босилекот истолчете го во аван, додадете го масилновото масло и добро измешајте.

Наполнете ги пиперките со комбинирање на парчиња домати, сирење и маслинки. Прелијте ги со смесата од маслиново масло со босилек. Зачинете со мелен бибер.
Вака наполнетите пиперки печете ги околу 25 минути на 180°С, додека рабовите на пиперките не станат кафеави.

Совет:
Овој рецепт не вклучува сол, бидејќи сирењето е доволно солено во оваа комбинација.
Додека се печат во рерна, добро би било садот да го прекриете со фолија за да се спречи прекумерното потемнување на пиперките.
Ова е едно од оние јадења кои се послужуваат топли, но не жешки, затоа после печењето, извадете го садот и оставете ги полнетите пиперки да се изладат 20 минути пред сервирање.

Уште една идеја:
Доматите со големина на тупаница, можат да послужат за сличен рецепт. Наполнете ги со парчиња кашкавал, маслинки, босилек и прелијте ги со маслиново масло. Потоа одат на печење.

Slow Wine Fair 2023: „Да“ за локалното вино со висок квалитет

Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки...

Slow Wine Fair 2023: Македонските вина на светската мапа со најдобрите винарии

Од денеска до вторник, 26-28 февруари, сите патишта водат...

Излезе третиот број на „Полжавче“

Семето-ркулец на животот е носечка тема на третиот број...